Штип оваа есен ќе добие парк за миленици

Започна изградбата на паркот за миленици, една од ветените содржини на пешачко-велосипедската патека кај реката Брегалница.
Проектот е поддржан од „Програма за развој на заедницата“, финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, како заеднички проект меѓу Општина Штип, ЗРР ЛАГ Плачковица, Здружение за заштита на животни ,, СПАСИ ЖИВОТ ” и приватниот сектор.
