May 20, 2024

Фотогалерија: Горна Слатинска Пештера

Таа се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, на ридот Баба (751 м) на падините на планината Песјак. Влезот на пештерата е на 620 м н.в. и е со југозападна експозиција. Таа има два отвори, односно влезови или влез и излез, при што целата е поврзана и претставува своевиден тунел-канал. Пештерата е изградена во доломитски мермери со прекамбриумска старост. Првични податоци за оваа пештера дава Јовановиќ во 1928 година. Тој ја именува како I Слатинска Пештера, додека месното население ја нарекува Горна Слатинска. Низ целата должина на пештерата има видови кои се карактеристични за надворешниот простор. Такви се некои полжави од семејството Zonitidae, мокрици (Isopoda) и различни видови диптери (комарци од семејствата Culicidae и Limoniidae). Од поважните видови кои се поврзани со пештерата се регистрирани некои стоногалки (Lithobius sp.) и два вида лилјаци (Rhinolophus hipposideros, Rhinolophus sp.). Најден е само еден примерок од скакулецот (Troglophilus sp.) кој го има и во Девината Пештера.


1214