ЕКОНОМСКОТО ЈАКНЕЊЕ НА ОПШТИНИТЕ И БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА – ПРИОРИТЕТНИ ТЕМИ НА СРЕДБИТЕ ВО ВАШИНГТОН, ПИТСБУРГ И ФЕНИКС

Во рамките на студиската посета на САД, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и градоначалниците од македонските општини, кои се вклучени во проектот насловен „Ефективно управување со финансиите и ресурсите на локалната самоуправа“, остварија повеќе средби со високи претставници на Стејт департментот, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации од Вашингтон.

На работните средби беа разменети искуства, а посебен акцент беше ставен на борбата против корупцијата, потребата од поголемата транспарентност на институциите, како и на можностите за зајакнување на ангажманот на локалната власт на меѓународната сцена, во насока на доближување на придобивките од надворешната политика на локално ниво.

На состаноците со претставниците на локалните самоуправи во Питсбург и Феникс, ќе се разговара за создавањето на добри практики, постигнување на економски раст преку јавно – приватно партнерство, транспарентност и отчетност на локалната самоуправа, како и за ефикасно управување со општинскиот буџет и формирање на општински мрежи на лидерство.

Градоначалникот Коњановски, истакна дека работните средби се од големо значење за примена на меѓународните искуства на локално ниво, но и за градење нови партнерства, кои ќе донесат придобивки за напредокот на општината.


1193