Политичари се поклонија пред олтарот на црквата Рождество на пресвета Богородица во Новаци
Денес Црквата, а тоа сме и ние христијаните, го славиме раѓањето на Онаа Која Го родила Бога – Пресвета Богородица. Нека овој празник, кој е еден вид слава на општина Новаци, ни донесе многу рожби во фамилиите, многу рожби во нивите, многу успеси, напредок и здравје кај сите вас, браќа и сестри.- рече на присутните синоќа Стевче Стевановски, градоначалникот на Општина Новаци започнувајќи со одбележувањето на овој голем празник за новачани.
Денеска ги пречека членовите на претседателството на партијата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски заедно со потпретседателот Александар Николовски, кои посетата на црквата Рождество на Пресвета Богородица ја искористија и за средба со граѓани во рамки на кампањата „Ова е Македонија за сите”.







Извор фото: Бале / Општина Новаци