Мицкоски од Новаци: СДС-ДУИ ги опструираат општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ
Општините предводени од градоначалници кои припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се соочуваат со предизвици во форма на различни блокади.

„Зошто велам предизвици? Затоа што владата на СДСМ-ДУИ или ДУИ-СДСМ, оние општини каде што граѓаните во 2021 година гласаа за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, гледаат на било каков начин да ги опструираат, да ги попречат во работата, не инвестираат во тие општини, мислат дека така ги казнуваат нормално граѓаните зошто тие гласале за градоначалниците од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.“ – изјави Мицковски и додаде „Но, добрата вест е што за неколку месеци од денеска ќе имаме нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Имаме силен план, јасен план како Македонија да ја вратиме повторно на победничките патеки и како општините да ги развиеме со еден исклучок, а тоа е дека ќе инвестираме во сите општини без разлика дали е градоначалник од редот на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ, Алијансата за Албанците, БЕСА или некој друг независен градоначалник, бидејќи должност на владата е да инвестира насекаде, на целата територија, а не само онаму каде што таа мисли дека треба, а најчесто мисли во оние општини малку, за волја на вистината каде што имаме локална самоуправа која што сеуште има градоначалник од редовите на владеачките партии.“
Во тек на средбата Мицковски и Стевановски зборуваа за предизвиците со кои се соочиува Општина Новаци, односно Стевановски во рамките на извршување на функцијата градоначалник. Сепак, посветеното ангажирање заедно со администрацијата и службите во Општината придонесуваат кон реализација на проекти со различна големина и вклученост на граѓанскиот и бизнис секторот и европски организации.

„Во моментов реализираме дел од програмата за асфалтирање на локални улици и патишта која изнесува за годинава околу 8 милиони денари и со оваа програма ширум општината ќе се афлатираме околу 2,5 километри улици и патишта каде е потребно и неопходно.
Ќе одиме на уште една локација на која се работи овој период, тоа е реконструкцијата и рехабилитацијата на фудбалскиот стадион во Новаци. Да се пофалиме дека фудбалскиот клуб од Новаци се натпреварува во Втора лига на Македонија и тоа е голем успех и предизвик за нас, а како резултат на тоа, потребите на Фудбалската федерација беа такви и ние моравме да се прилагодиме на тие услови. Општина Новаци со околу 3,5 милиони денари вложува во фудбалскиот стадион во Новаци го прави да биде стадион каде може да се натпреваруваат сите и од сите рангови на фудбалски натпреварувања во Македонија.“ – рече градоначалникот Стевановски.

„Вчера почнавме со изградба еден детски парк каде ќе има содржини за најмладите, меѓутоа ќе биде и нешто комбинирано за повозрасните генерации. Проект кој ќе чини 2, 2 милиони денари. Тоа накратко се проектите кои ќе ги посетиме како дел од целокупните активности и оваа празнична посета на нашиот претседател.- додаде Стевановски во рамки на заедничката изјава за медиуми на политичарите.