Коњановски: На градоначалниците во САД најважно им е од која општина доаѓа, а не на која политичка партија припаѓа

Од 8-16 овој месец група македонски градоначалници остварија студиска посета на САД.

Во рамките на студиската посета на САД, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и градоначалниците од македонските општини, кои се вклучени во проектот насловен „Ефективно управување со финансиите и ресурсите на локалната самоуправа“, остварија повеќе средби со високи претставници на Стејт департментот, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации од Вашингтон. Економското јакнење на општините и борбата против корупцијата – приоритетни теми на средбите во Вашингтон, Питсбург и Феникс. Градоначалникот Коњановски, истакна дека работните средби се од големо значење за примена на меѓународните искуства на локално ниво, но и за градење нови партнерства, кои ќе донесат придобивки за напредокот на општината.


„Градоначалниците во САД се избрани на избори и основна преокупација им е од која општина се. Политика нема кај нив во тј дел воопшто, политиката е на централно ниво. Голема организација на локалната самоуправа, тоа е тоа што нам ни фали континуирано, имаат голем буџет но и можам да речам 100% централизација … Кај нас, политиката е тоа што не заглавува. Во нивната локална самоуправа се зборува само за локалпатриотизам, апсолутно. Високата политка ја прават тие што треба да ја прават, затоа постои парламент, влада кои ги одредуваат тие централни теми. Ние овде треба да разоварме за локални теми, да зборуваме за велосипедизмот, за локални теми да си помогнеме едни со други. Граѓаните не ги интересира кој што рекол , дали дошол на координација или не. “ – изјави градоначалникот Коњановски на новинарско прашање што од американското искуство за локална самоуправа може да се примени кај нас.

На работните средби биле разменети искуства, а посебен акцент беше ставен на борбата против корупцијата, потребата од поголемата транспарентност на институциите, како и на можностите за зајакнување на ангажманот на локалната власт на меѓународната сцена, во насока на доближување на придобивките од надворешната политика на локално ниво. На состаноците со претставниците на локалните самоуправи во Питсбург и Феникс, се разговарало за создавањето на добри практики, постигнување на економски раст преку јавно – приватно партнерство, транспарентност и отчетност на локалната самоуправа, како и за ефикасно управување со општинскиот буџет и формирање на општински мрежи на лидерство.


За оваа македонско-американска соработка новинарско прашање за коментар беше поставено и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој завчера беше во посета на Новаци. „Тоа е посета која што редовно се случува од ВМРО ДПМНЕ беа тројца претставници, тоа беше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и на Кисела Вода, Орце Георгиевски. Редовна посета која што е добра и добро е да има такви посети и таа не се случува само на покана на Стејт Департментот, во САД, такви посети има и во Сојузна Република Германија, посети има и во Брисел и во други држави во светот и тоа е добро, добро е да црпат искуства од држави кои се поразвиени и добро е тие искуства да се акумулираат, а потоа да се применат дома. Ако во тоа успееме барем делумно, тогаш ќе бидеме поуспешни и јас сум само во таа насока да ги охрабрам што повеќе да има вакви посети, размена на искуства, затоа што тоа на крајот од денот е додадена вредност за сите граѓани“, рече Мицкоски.


1320

Задолжително

Verified by MonsterInsights