Во Битола вечерва температурата ќе достигне 14 степени Целзиусови

Денес (25 септември 2023 г.) на повеќе места ни државата е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Повеќе врнежи се очекуваат во западните, северните и централните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.

Во Битола во текот на попладневните и вечерните часови е регистрирана температура на воздухот од 16 степени Целзиусови, а до крајот на ноќта се очекува температурата да достигне и до 14 степени.

Граѓаните треба да бидат свесни дека постои потенцијална опасност од локални појави на излевање на водотеци, и суводолици. Активно е предупредување за покачување на водостојот на реките и водите низ државата. Во Пелагонија сепак се работи за т.н жолто предупредување – според кое „Состојбата на водотеците е потенцијално опасна, но, прогнозираната состојба е вообичаена за овој период од годината“ до т.н зелено предупредување споед кое „Нема потреба од посебна предострожност со водотеците“.

Од утре следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат во рамките на просечните за овој период од годината.


1100