Пожари во битолско поле, осомничени повеќе лица за потпалување, една кривична пријава

Опожареното подрачје кое што е јасно видливо од регионалниот пат Прилеп- Битола е показател за напорниот викенд на екипите на Територијалната Против Пожарна единица од Битола, волонтери и екипи на ЈКП Водовод кои со цистерни доставувале вода за потребите на пожарникарите .




Апелите на СВР Битола и ТППЕ Битола до земјоделците да не ги палат стрништата предизвика опожарување на големи делови од пелагониското поле. Извештајот на ТППЕ Битола посочува на бројни интервенции кои минале и со проблеми:
„ТППЕ Битола во посочениот период со сите свои расположливи средства и човечки ресурси 10 возила и 40 пожарникари од кои некои пожарникари беа и без престан на терен повеќе од 24 до 32 часа, успеа да се справи со неколку пожари на отворен простор од поголеми размери при тоа заштитувајќи и спасувајќи 11 населени места и повеќе од 6 манастири и 5 цркви без направена материјална штета .


Пожарот кој се ширел меѓу селата Вашарејца-Лознани-Ивањевци е угаснат, заштитено било село Лознани, спречено проширување кон соседни села, заштитен манастирот пред селото Лознани , како и манастирот помеѓу Лознани и Новоселани спречено проширување кон населено место Ивањевци. На овај пожар Екипите биле навредувани и попречувани во извршување на своите задачи. Голема битка пожарникарите водеа со пламените јазици кои од сите страни се закануваа на населеното место Новоселани.
Криминалистичката полиција при СВР Битола, по добиени оперативни сознанија во врска со кривичното дело “Предизвикување општа опасност” односно, намерно предизвикување на пожари на отворен простор во с. Лознани и с.Путурус ,битолско, во полициска станица Битола ги повика на разговор М.С.(43) од с. Вашарејца, битолско,В.П.(58) од с. Лознани,битолско А.Л.(72) од Битола, И.К .(35) од с. Вашарејца, Д.С.(61) од с. Лознани. Против лицето Д. С. ќе следува и Кривична пријава за кривичното дело „Предизвикување општа опасност’ по чл. 288 од Кривичниот законик.
Фотографиите подолу покажуваат мал дел од предизвикот, опасноста со која се соочиле пожарникарите .




Посебно опасно за пожарникарите било во местото Путурус, при интервенција на пожарот кој се ширел во реонот меѓу селата Дедебалци-Црничани-Путурус-Мојно-Мусинци. Според информациите во населено место Путурус каде од сите четири страни огнот навлегол и во селото а ветрот кој од минута во минута имал променлив правец се заканувал кон секоја ќука. „ТППЕ Битола со 5 екипи беше во селото и секој обид на пламените јазици да зафатат објект беше спречен
Голема благодарност во оваа интервенција до мештаните на Путурус, Мусинци, Мојно кои помагаа во линијата за спречување огнот да стигни до селата Мојно и Мусинци.“
Екипи на ЈКП „Водовод“ учествувале во интервенцијата на пожарот што се движел во правец Орле-Маково-Рапеш. Дежурни екипи на ова претпријатие со свои цистерни вршеле дотур на вода на возилата од ТППЕ Битола.




Градоначалникот на Битола д-р Тони Коњановски по завршувањето на опасноста за населението и имотот во населените места упати јавна благодарност до припадниците на Територијалната противпожарна единица. На ФБ напиша: „Голема благодарност за брзата интервенција на нашите екипи, кои уште еднаш ја покажуваат на дело својата професионалност и пожртвуваност во заштитата на населението, природните и материјалните добра. Повторно, брзи и експедитивни, во секој момент се на висина на задачата. Со нивната интервенција спречени се катастрофални последици.
Драги пожарникари, огромно Благодарам за целиот Ваш ангажман.“
