December 6, 2023

114 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола, во Недела

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (24.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 114 возачи, меѓу кои 77 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 13 мерки за возење без возачка дозвола, 8 возачи за управување под дејство на алкохол,3санкции за непрописно паркирање .Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Фото насловна: melissa mjoen ; unsplash


1052