May 20, 2024

Општина Битола објавува : Јавен повик за евидентирани невработени лица со ниски квалификации за вклучување во програмата јавни работи

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Јавни работи за работно ангажирање во времетраење од 22 работни дена да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување – Битола. Предвидени се 15 работни позиции.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата Јавни работи а се невработени лица – корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право. Право на учество во Програмата Јавни работи имаат сите ниско квалификувани невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Јавни работи се предвидува паричен надоместок во висина од 600 денари дневно, бруто износ со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. Лицата ќе бидат ангажирани во период од 22 работни дена со почеток од 20.10.2023 година.
Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата Јавни работи, можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување – Битола во периодот од 25.09.2023 година до 29.09.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Битола, АВРСМ и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата Јавни работи можат да се добијат во општина Битола кај лицето Симона Јовеска, во Агенција за вработување – Центар за вработување -Битола кај лицето Зоран Костовски.
Јавниот повик е објавен на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2023/09/povik-javni.pdf.


1317