December 6, 2023

Француската директорка на фотографија и поранешната претседателка на француското друштво на кинематографери Селин Бозон, одржа работилница во битолското кино „Манаки“ со поддршка на етаблираната компанија во филмската индустрија, „Leitz“.


Заедно со нејзината колешка Гертрурд Бејлот, од франсуското друштво на кинематографери, зборуваа за филмските дела на Бозон. Во својата дваесетгодишна кариера, Бозон има работено на повеќе од 40 краткометражни и долгометражни филмови.


Leica Camera AG (/ˈlaɪkʌ/) / Leitz Cine е германска компанија која произведува камери, оптички леќи, фотографски леќи, двогледи и копчиња за пушки. Компанијата е основана од Ернст Лајц во 1869 година (Ernst Leitz Wetzlar), во Вецлар, Германија.
Селин Бозон била една од првите директорки на фотографија што ги користела LEITZ ZOOM-овите на долгометражен филм , а таа пак ги споила со серијата LEITZ PRIME од 13 објективи.

Извор: ИФФК „Браќа Манаки“


1044