Мицкоски: Ако Ковачевски не се согласува со својот закон за амнестија, нека си даде оставка
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување емисијата Клик плус зборуваше за законот за амнесија и рече дека ако некој не се согласува со овој закон нека каже и нека си даде оставка.
Мицкоски даде објаснување зошто тие како ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат законот за амнестија: „-Се дава амнестија за тешка телесна повреда, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, против правно лишување од слобода, грабнување, мачење и другo сурово нечовечно или понижувачко постапување и казнување, малтретирање во вршење на служба, загрозување на сигурност, нарушување на непроверливост на домот, злоупотреба на лични податоци, повреда на работа од работен однос, повреда на угледот на Република Македонија, излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, одземање на малолетник, запуштање и малтретирање на малолетно лице, пренесување заразна болест, неовластано производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и останато, овозможување на употреба на наркотични дроги, тешки дела против здравјето на луѓето и така натаму, узурпација на недвижности, мачење животни, кражба, предизвикување тешка гражба, безсправно грдење, уцена, измама,лихварство, рече Мицкоски.“