Шкотски примери за изработка на национална стратегија за просторно планирање
Комисијата за локална самоуправа и Комисијата за транспорт, врски и екологија одржаа работен состанок на тема: „Поврзаноста на Националната развојна стратегија со просторното планирање и регионалниот развој“. Гости на средбата беа претставници од Шкотската влада, кои на почетокот од состанокот беа поздравени од претседателката на Комисијата за локална самоуправа, Ане Лашкоска.

Заменик-министерката Оџаклиеска ги информира присутните дека законското решение за просторно планирање е во завршна фаза и информира за активностите што се преземени и на кои тековно се работи. Таа ја потенцира важноста планските решенија да имаат поддршка од јавноста, како и соработката на централно и локално ниво.
Националната рамка за просторно планирање на Шкотска, која ја изработувале три години, се однесува до 2045 година, што е голема одговорност за идните генерации и визијата на Шкотска, за да се креира подобро место на живеење за сите. Во таа насока, Лашкоска упати апел што поскоро да се донесе законот кај нас, кој ќе овозможи реализација на националната стратегија за следните 20 години.
Фото насловна : CHUTTERSNAP/ unsplash