December 6, 2023

Зошто ВМРО-ДПМНЕ тврди дека предлогот за Бугари во Уставот е бугарски диктат ?

Од моментот на изнесување во јавноста на предлогот/ барањето за внесување на Бугарите во македонскиот Устав како дел од малцинствата во државата, ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува и во својата реторика за објаснување тврди дека се работи за бугарски дикатат.
Во емисијата Клик плус на ТВ 21 претседателот на оваа партија Христијан Мицковски на новинарско прашање зошто е тоа така, одговорот го стави и во контекст на руски интереси на Балканот.

„Еднаш со Санстефанскиот договор кој со Берлинскиот конгрес е поништен, во тоа време Бугарија воопшто и не е држава и тогаш Русија застанува зад бугарски интереси дозволува Македонија денешна да биде анектирана кон Бугарија. Вториот пат е кога Бугарија го напушта Бледскиот договор по налог на Сталин, и третиот, кога Ковачевски потпишува Анекс на Договорот за доброседство со Бугарија со Кирил Петков“, рече Мицкоски кој дополни и зошто го зборува тоа: „Зошто ова го зборувам, 1947 кога е потпишан Бледскиот договор и кога се договориле Тито и Ѓорги Димитров потпишале договор во кој јасно е дефинирано која е обврската и кои се позициите на Бугарија во однос на македонската заедница која живее во тој период во Пиринска Македонија и го регулираат начинот на употреба на македонскиот јазик во училиштата и во 1947 во Благоевград е основан македонски народен театар. И кога збореа дека кога го потпишаа Договорот Заев-Борисов, први август 2017 година имаше за цел да го натсинхронизира 1 август 1947 година кога Бугарија прифаќа македонски јазик, идентитет и дава права на Македонците во Пиринска Македонија, тогаш добиваме ние како народ културна автономија се образуваш на свој јазик и имаш културни институции и тогаш“.


Мицкоски укажа дека „тогаш не било дилема за никого кога Пиринска Македонија ќе се припои кон Македонија. Прашање бил само начинот. За време на Информбирото, Сталин заедно со тогашното бугарско раководство одлучува Бугарија да го напушти тој договор и да ги укине правата за културна автономија“.

Фото: Протест на Македонците во Бугарија во 1939г / сопственост на Wikipedia


Оттука укажа Мицкоски „ние бараме културна автономија нешто што сме имале Македонците во Бугарија го имале. Ние имаме Европски суд за човекови права кој одлучува во корист на Македонци во Бугарија, а Бугарија не го применува и велат не можеме да ја убедиме Бугарија. А јас да прифатам нешто во што сум учествувал, авие не можете да ги натерате да почитуваат европска институција.“


1107