April 25, 2024

Видлива, функционална светлосна и хоризонтална сигнализација бараат краварчани од државата, градот ќе помогне со посредништво во разговорите со надлежните

Две жртви во две различни сообраќајни незгоди во (околу) две недели ги поттикна краварчани гласно да проговорат за деценскиот проблем и помош да побараат од градоначалникот на Битола.
„Апелираме до релевантните органи да си преземат мерки затоа што безбедноста на патот е Нула, изјави денеска Ивана Петровска, жителка на Кравари по средбата со градоначалникот Тони Коњановски и објасна дека на патот со статус регионален дневно минуваат 70тина автобуси на Кромберг и Шуберт кои ги транспортираат своите вработени од и до фабриката, камиони од РЕК Битола кои доставуваат потребни материјали до своите подружници, други возила доставувачи на бројните мали фабрики и странски претставништва и мноогу патнички возила кои дневно минуваат оттука, на пат кон границата со Република Грција.


Патот не е безбеден воопшто откако е реконструиран, вели Илче Стојановски. „И порано имало некакви мостови на патот, а сега ги реконструираа, но не се безбедни, излегуваат директно на коловозот . Ветуваа дека ќе го прошират патот, не го направија тоа, дури некаде и е потесен. Досега патот беше искршен па сите што возеа не брзаа,сега откако е направен сите брзаат. Еве вчера, автобусот со децата ( ученици н.з) застанат ( пред училишната зграда н.з) … доколку еден постар човек не им викнеше да не одат, ќе имаше голема трагедија, ќе настрадаа. Ако продлжеа ќе беше многу трагично. Многу брзо моментално се вози во селото. Како прво јас не се чувствувам безбедно на тој пат! “


Зголемување на контролата од страна на МБР/СВР Битола и поставување сообраќајни патроли повеќе од 1 час во деноноќие е предлогот со кој претставниците на жителите на оваа месна заедница во општината истапуваат пред институциите. Безбедноста на младите, децата, повозрасните граѓани е на најниско ниво велат. „Патролите за регулација на брзината со која се движат колите да биде цел ден 10 до 20 дена, а не само по еден час“ – апелира младата Ивана Петровска. Надлежните иако е тоа регионален пат да не заштитат со пеШачки зони, со сигнализација ( светлосна и хоризонтална ) и тоа во голем број – вели Илче Стојановски. Има институции и да си проверат кој како вози – додава тој.


Краварчани помош побараа од градоначалникот во контактите со надлежните институции. Проектот реконструкција на Краварски пат е владин проект, за кој надлежност има Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за државни патишта и Министерството за внатрешни работи и, според законскта регулатива за градежни активности, изведувачот кој го спроведува градежниот проект.
Оттука, Општина Битола нема никаква ингеренција ниту моќ да ги промени работите, освен со застапување на интересот на граѓаните од Кравари.


Градоначалникот д-р Тони Коњановски упати сочувство да семејствата кои во овие две недели загубиле членови во сообраќајни незгоди кадешто причина е токму реконструкцијата на патот.„Средбата ја инициравме без намера за апострофирање на поединци ниту префлање на вина од институција на институција, туку со наемера заеднички да се обратиме и да го решиме овој проблем. Во текот на следната работна недела градоначалникот ќе иницира средби со Дирекција за државни патишта, со Министерство за транспорт и врски, Министерство за внатрешни работи –„ да се вклучи нивниот превентивен сектор и со изведувачот“ – рече денеска Коњановски.
Реконструкцијата на патот кој води од Битола до граничниот премин Меџитлија со Република Грција владата го најави во септември лани. Треба да асфалтира 15 километри паат, а според најавите патот требаше да биде и проширен. Асфалтирањетп започна пред еден месец, нема никаква сигнализација до каде е нов асфалт во висина од десетина сантиметри а до каде / од каде има само пат изгребан од стариот асфалт, а според познавачите на изградбата на патишта, очигледно не е направено ниту потребното нивелирање. Далеку е соодветната хоризонтална сигнализација.


Од досегашните коментари на политичарите за овој регионален пат , граѓаните на ова село сметаат дека на властите им е поважно да кажат дека реконструкцијата на патот се случува по прват од неговотопоставување во 80те години на минатиот век, отколку патот навистина да биде добар и безбеден.


1163