Пазарната инспкекција на терен бара „гарантирани цени“

Намалувањето на цените на прехранбените производи со декрет на власта повторно предизвика вонредно раздвижувањен а инспекторите од Државниот пазарен инспекторат. Најновото, денешно соопштение на оваа државна институција вели дека казнети се и затворени 5 маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово.

Маркетите во текот на изминатата недела револтирано реагираа дека немале доволн време да ги направат промените и на основните производи да им стават ознака „гарантирана цена“. На ова одговори првиот пазарен инспектор во државата:

„Големите ланци на маркети имаа доволно време да ги прилагодат цените во согласност со Одлуките на Владата! Генералната слика е дека повеќето маркети ги усогласија цените, но постојат и такви трговци што сакаат да ги избегнат законските регулативи! За пофалба се маркетите кои самоиницијативно се приклучија кон иницијативата на Владата за намалување на цените. Додека јас сум директор на пазарниот инспекторат нема да дозволам никој да ги доведува во заблуда граѓаните!“ – изјави директорот Горан Трајковски.

Контролите на пазарниот инспекторат ќе бидат со засилен интензитет, а ќе биде проверен секој маркет вклучувајќи ги и руралните области, како и сите трговци на големо, односно добавувачите.

Листата на производи кои треба да бидат за 100% намалени сметајќи ја одлуката за цени која се применувала на 1 август 2023 година:

1) ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg;

2) брашно пченично тип 400 и тип 500;

3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;

4) други пекарски производи;

5) бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични посни од 300 до 500 g; 6) наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g;

7) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g;

8) јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;

9) свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; 10) мелено месо свинско и јунешко;

11) пиле свежо или замрзнато (цело);

12) пилешки стек свеж или замрзнат;

13) чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;

14) пилешка посебна салама (без слајс пакување);

15) паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g;

16) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;

17) јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l;

18) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; 19) павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g;

20) традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);

21) традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);

22) свежи јајца од кокошка;

23) свежо овошје и

24) свеж зеленчук.

„Апелираме, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните!“- велат од ДПИ.

Пријавете неправилност на 02/191!


1227

Задолжително

Verified by MonsterInsights