Дали владата најде нов начин за одлевање на парите на државата ?

Силно се тресе заедницата на сопственици на коцкарници и обложувалници во Македонија по одлуката на Владата на Државна Лотарија да и нареди да отвори нови интернет коцкарници и обложувалници.
Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС испрати соопштение до медиумите дека за нив владината одлука – Државна лотарија да основа три нови трговски друштва за организирање игри на среќа на интернет Е УПАД ВО ДОСЕГАШНИОТ СИСТЕМ НА ИГРИ НА СРЕЌА.
„Целокупниот процес е нетранспарентен и со месеци се криел од јавноста. Може само да претпоставуваме кои се мотивите за вака погрешен пристап. Не слушнавме ниту еден издржан аргумент зошто на државата под овие услови и се потребни три нови компании кои ќе организираат игри на среќа на интернет. Отворено се сомневаме дека условите кои треба да се исполнат се креирани така да однапред се знае кој ќе бидат партнерите на Државна лотарија. Скандалозно е да не се почитуваат реализираните инвестиции на актуелните приредувачи на игри на среќа, кои и во овој случај се дискриминирани, иако на дел од нив капиталот им доаѓа од земји членки на ЕУ. Уште пострашно е што ќе се дозволи на компанија која нема ниту еден вработен да приредува игри на среќа, што е надвор од економската логика и спротивно на високите стандарди во индустријата.“ – пишуваат во својата реакција АПИС додавајќи дека во моментов нивните трговски друштва вработуваат 10тина илјади граѓани.

Државна лотарија пак во пошироко соопштение како ќе работи потенцирапе дека , согласно Законот за игри на среќа, претставува единствено трговско друштво за приредување на игрите на среќа во коешто Република Северна Македонија е основач или акционер со 51% од основната главнина. Оттука, само Државна лотарија може да ги приредува електронските и интернет игрите на среќа, самостојно или заедно со други приредувачи, и таа надлежност произлегува од одредбите на член 7, став 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
Зошто приредувачите на игри на среќа / сопственици на коцкарници и обложувалници во Македонија се тресат?
Најпрвин затоа што им е јасно дека Државна лотарија мора да ја спроведе одлуката на владата. Знаат кој пројавил интерес за место во нивниот бизнис и, имаат сознанија дека Државна Лотарија веќе неформално си го заклучи бизнисот со силен играч од Балканот.
„Владата на ДУИ и СДС, Ковачевски и Артан Груби, како потписник на документот за Државната Лотарија, државната компанија Државна Лотарија водена од шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами, се должни во најкус рок да соопштат дали имаат ветување, намера, или веќе имаат договор за внесување на Македонија во партнерски однос со Васил Божков или било кој од неговите фирми за игри на среќа, онлајн коцкање, обложување во Бугарија и дали тоа почитувани треба да се покрие со огласот на Државната Лотарија?- вели портпаролот на партијата Наум Стоилковски, додавајќи „ ОФАК, одделот за контрола на имот при американскиот департмент за финансии на листата и под санкции ги става и 58 фирми кои ги поседува или контролира Божков!Тука доминираат имиња на фирми со основа и варијации на името ВАБО, па варијации на имиња со НОВЕ, па ЕУРО или ЕВРОБЕТ и низа други, во зависност од тоа како добиваат или се откажуваат од лиценци, се отвораат или се затвораат.Од тука, работењето со него, со луѓе кои што се поврзуваат со него, со неговите фирми, се смета за работење спротивно на американските интереси, спротивно на справувањето со корупцијата, спротивно на борбата со мафијашкото и соруското влијание. И од тука, од исклучителна важност е да се знае, дали државната Лотарија, по одобрението од Артан Груби, влегла во партнерство со било која фирма на Божков или се доведува во врска со него? Исто така, би посочил на институциите во Македонија, сериозно да се зафатат со овој случај, бидејќи било каков договор, таен, потпишан или само договорен, на Државната лотарија со лице или фирма на црната листа на САД е работа спротивна на интересите на Македонија.“

Според информациите на Википедија, Божков го започнал својот бизнис во 1989 година во близина на слаткарницата Магура во Софија, каде нелегално се продавале валути, антиквитети и оружје. Наскоро отворил синџир менувачници. Во 1991 година ја регистрирал својата главна компанија Нове Холдинг, во која е најголем акционер и од 2005 година – претседател на одборот на директори. Во 1991 година, Божков станал партнер со Илија Павлов и Младен Михалев-Мајо во коцкарската компанија ИГМ. Отворил казино во хотелот Рила во Софија. Од 2007 година, тој беше ко-сопственик на казината во Radisson SAS и Hemus и бинго салите. Во 1994 година, Божков ја отвори Бугарската комерцијална индустриска банка (БТИБ), која во 1996-1997 година се спои со Кредитната група на Мултигруп. Во 2000 година го купил имотот на банкротираната Прва приватна банка. Во 2006 година, Божков преку берзата го купи поранешниот фонд за приватизација на „ХД патишта“. Главниот акционер во Холдинг Роудс е АБВ Инженеринг, кој е во сопственост на Нове Интернационал (подружница на Нове Холдинг). Преку Холдинг Роудс, Божков купи голем дел од регионалните државни фирми за изградба на патишта, кои претходно беа во сопственост на Генералната дирекција за патишта. Заради обвинувања дека ги крадел партнерите избегал во Дубаи, од каде во 2021 година ја формирал политичката партија „Бугарско лето“ што на парламентарните избори во април 2021 освоила преку 95 илјади гласови.
Во моментов Божков го ужива статусот заштитен сведок против поранешниот премиер Бојко Борисов во обвинението дека Борисов примал мито.
