April 16, 2024

Со операта „Рита“ од Гаетано Доницети во изведба на Националната опера и балет (МОБ), од вечерва до 12 овој месец во Битола ќе се реализира 32 Интернационален фестивал на класична музика – Интерфест.

Традиционално, организаторите на овој фестивал, дуото Шперовиќ-Рибарски на македонската публика и претставуваат дел од големата светска сцена на класична музика. И годинава на Интерфест ќе допатуваат уметници од Италија, Шпанија, Хрватска, Португалија, Ирска, Украина ,предвидени се и неколку поетски вечери со македонски театарски уметници.

Интерфест 2023 доби неочекувана промоција од страна на јапоснкиот оперски пејач Казухиро Котецу, кој , на својата професионална страница самиот или со свои пријатели изведува македонски песни. Концертот на Котецу е предвиден за во среда на 11 октомври, ден пред заттворањето на Фестивалот, во салата на Центарот за култура.

Концертите и рециталите кои годинава се предложени на публиката ќе се реализираат во салите на КИЦ – Офицерски и Центар за култура.

Во продолжение,

XXXII ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА – ПРОГРАМА

Интернационален фестивал на класична музика 02.10. – 12. 10. 2023

Понеделник, 02. 10. 20.00 ч.
Сала Народен театар Битола
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
Национална установа ОПЕРА и БАЛЕТ
Гаетано Доницети: Опера „РИТА“
Диригент: ИВАН ЕМИНОВИЌ

Вторник, 03. 10. 20.00 ч.
ЈОУ КИЦ Битола (Офицерски дом)
Ликовна изложба
ДРАГАН АНЃЕЛКОВИЌ
СЛОБОДАН ВИГЊЕВИЌ

20.30 ч. Рецитал Офицерски дом
МАНУЕЛ ТЕВАР, пијано, Шпанија
Бах, Шуберт, Шопен, Албениз, Тевар

Среда, 04. 10. 20.00 ч. Офицерски дом
Дуо Хармоники
АНА КОЛОВСКА, Русија/Македонија
АЛЕКСАНДАР КОЛОВСКИ, Македонија
Скарлати, Кусиаков, Семионов, Пиацола, Коловски

Четврток, 05. 10. 20.00 ч. Офицерски дом
Рецитал
АНДРЕА ТУРИНИ, пијано, Италија
Јохан Себастијан Бах

Петок, 06. 10. 20.00 ч. Офицерски дом
Пијано Дуо
РОБЕРТ АНДРЕС, Хрватска/Португалија
ОНОР О’ХЕА, Ирска
Шуман, Брамс, Дебиси, Мијо, Рахмањинов

Сабота, 07. 10. 20.00 ч. Офицерски дом
Поетска вечер 100 Години АЦО ШОПОВ
ОГЊАН ДРАНГОВСКИ, актер, Македонија

20.30 ч.
ВЕРОНИКА КАРДУЛО, сопран, Италија
ДИЈАНА НОКИЕРО, пијано, Италија
Маскањи, Верди, Росини, Пучини, Бизе, Форе, Вебер

Недела, 08. 10. 20.00 ч. Офицерски дом
Рецитал

ЕНРИКЕ МУЊОЗ, гитара, Шпанија
Тороба, Тарега, Вила-Лобос, Кардосо, Куенка, Мангоре

Понеделник, 09. 10. 20.00 ч. Офицерски дом
ДЕНИС ЈАВОРСКИЈ, пијано, Украина
Шопенова вечер

Вторник, 10. 10. 20.00 ч. Офицерски дом
ЛУИЏИ САНТО, труба, Италија
ДАНИЕЛА ЏЕНТИЛЕ, пијано, Италија
Бах, Рахмањинов, Пескин, Пиацола, Гершвин

Фото:

Среда, 11. 10. 20.00 ч. Центар за култура Битола
Оперски арии и Македонски народни песни
КАЗУХИРО КОТЕЦУ, бас, Јапонија
БИТОЛА КАМЕРЕН ОРКЕСТАР, Македонија
Диригент: ВЛАДИМИР ДИМОВСКИ
Моцарт, Верди, Ј. Христовски, Георгиевски-Калица, В.Илиева

Четврток, 12. 10. 20.00 ч. Офицерски дом
Свечено затворање
ГЕРНОТ ВИНИШХОФЕР, виолина, Австрија
ДЕНИС ЈАВОРСКИЈ, пијано, Украина
Землински, Сен-Санс, Крајслер, Сарасате, Чајковски

Дисперзиран концерт:

Петок, 13.10. 19.00 ч.
Музичко училиште „Методи Патче“, Охрид
ЈУУКИ ШИМАДА, виолина, Јапонија
АКИКО КАНАЗАВА, пијано, Јапонија
Елгар, Бах, Шопен, Крајслер, Хакасе, Сакамото, Монти


1169