Нобеловата награда за медицина 2023 во рацете на Унгарка и Американец

Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2023 година им беше доделена на двајца научници кои ја развија технологијата што доведе до вакцината mRNA против Ковид-19 – Каталин Карико и Дру Вајсман, научници кои се нашле во 1990те години на минатиот век во Пенсилванија, САД. „за нивните откритија во врска со модификациите на нуклеозидната база кои овозможија развој на ефективни mRNA вакцини против KОВИД-19“.

Каталин Карико е родена во 1955 година во Шолнок, Унгарија. Докторирала на Универзитетот во Сегед во 1982 година и вршела постдокторски истражувања на Унгарската академија на науките во Сегед до 1985 година. Потоа спроведе постдокторски истражувања на Универзитетот Темпл, Филаделфија и Универзитетот за здравствени науки, Бетседа. Во 1989 година, таа беше назначена за асистент на Универзитетот во Пенсилванија, каде што остана до 2013 година. Нејзините истражувања биле одбивани во неколку професионални списанија, но таа продолжувала со своите истражувања. На крај Универзитетот во Пенсилванија престанал да бара финансии за нејзините истражувања и ја набркале, за таа да најде работа во БИОНТЕК. Се понатаму е историјата на светот во борбата со КОВИД19 . Од 2021 година, таа е професор на Универзитетот во Сегед и визитинг професор на Медицинскиот факултет Перелман на Универзитетот во Пенсилванија.

Дру Вајсман е роден во 1959 година во Лексингтон, Масачусетс, САД. Докторирал на Универзитетот во Бостон во 1987 година. Својата клиничка обука ја вршел во медицинскиот центар Бет Израел Диконес на Медицинскиот факултет Харвард и постдокторски истражувања во Националниот институт за здравство. Во 1997 година, Вајсман ја основа својата истражувачка група на Медицинскиот факултет Перелман на Универзитетот во Пенсилванија. Тој е професор на семејството Робертс за истражување на вакцини и директор на Институтот Пен за РНК иновации. И се приклучил на Карико пред 20 години.

Откритието
Традиционалната технологија на вакцини се заснова на мртви или ослабени верзии на оригиналниот вирус или бактерии или користење фрагменти од инфективниот агенс. Одбранбениот механизам што се иницира со ваквите вакцини е со цел имунолошкиот систем да препознава (научи) и да се бори против заканите како што се вируси или бактерии (патогени).
mRNA вакцините се револуционерни заради различниот пристап – експериментирањето со геномите на вирусите и останатите микрооорганизми. Експериментите за извлекување на чиста иРНК започнале во 80те-90те години. Клучниот чекор за вакцината за КОВИД 19 настанал во моментот кога овој двоец научници успеал да го направи тоа ин витро. Нивниот придонес е токму во овозможувањето брза реакција во создавањето вакцини со овој механизам.


Оттука, дилемите дали вакцините ја прекинаа пандемијата не треба да постојат. Вакцините развиени со овој механизам ја спречија уште поголемата смртност на населението во раната фаза на пандемијата. Човештвото стекна некаков имунитет, а вирусот ја изгуби силата. Сега се појавуваат нови соеви , но одговорот на фармацевтските компании може да биде многу брз. Истражувањето и откритието овозможува користење на mRNA како безбедна, ефикасна и спасувачка платформа за вакцини за спречување на заразни болести, вклучително и СОВИД-19.

Механизмот
Месинџер Рибонуклеинска киселина ( mRNK) или во превод Информациска рибонуклеинска киселина ( иРНК) е нуклеинска киселина вклучена во создавањето на протеините на клеточно ниво. Улогата на mRNA е да носи информации за протеините од ДНК во јадрото на клетката до цитоплазмата на клетката (водена внатрешност со сите органели и рибозоми), каде што механизмот за создавање протеини ја „чита“ секвенцата на mRNA и го преведува секој три-базен код во неговата соодветна аминокиселина во протеински синџир. Научнициве велат дека РНК како „преведена форма“ на ДНК е навистина фундаментална врска помеѓу она што ние го сметаме за код на животот и вистинската клетка што може да изгради жив организам. И во таа смисла, иако за ДНК се дискутира многу повеќе од РНК, mRNA е навистина клучен дел од основниот начин на кој се создава живиот организам. – велат научниците.


А вакцината што се разви подразбира сигурни копии на сите препознатливи делови на сите подврсти на коронавирусот SARS-CoV-2 што ќе го научат / го научија имунолошкиот систем на човечкиот организам да се бори против нив.


Според објавата на Комитетот за доделување на Нобеловата награда „Откритијата на двајцата нобеловци Каталин Карико и Дру Вајсман беа од клучно значење за развој на ефективни mRNA вакцини против СОВИД-19 за време на пандемијата што започна на почетокот на 2020 година. Преку нивните револуционерни наоди, кои фундаментално го променија нашето разбирање за тоа како mRNA комуницира со нашиот имунолошки систем, лауреатите придонесоа до невидената стапка на развој на вакцини за време на една од најголемите закани за здравјето на луѓето во модерното време.“ – се вели во соопштението.


Технологијата што ја развиле беше експериментална пред пандемијата, но , беше применета на милиони луѓе ширум светот. Истата технологија на mRNA вакцини сега се испитува и за други болести, вклучувајќи го и ракот. Научниците се надеваат дека на човештвото ќе му дадат можност за имунолошко памтење – одбранбен одговор на секој нов сој кој би можел да предизвика пандемија. И, оваа технологија сега се користи за испитување на можноста да се направат вакцини против сите микроорганизми кои се покажале штетни за човекот.
Во намерата да се живее во свет без болести.

Извор: https://www.nobelprize.org/prizes/medicine/2023/press-release/ / дгк


1417

Задолжително

Verified by MonsterInsights