Првиот академски час за студентите на Меѓународниот Славјански Универзитет

На 02.10.2023 год. истовремено започна првиот академски час за студентите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. На настанот студентите можеа да се запознаат со професорите, универзитетот, како и со службите кои работат за да им го олеснат процесот на студирање. Студентите можеа да се запознаат со Службата за студентски прашања, библиотеката, книжарницата, издавачката куќа, како и службата за Е-учење.

Ректорката проф. д-р Ленче Петреска со свечен говор им го честиташе почетокот на новата академска година на бруцошите кои одбраа да студираат на еден од нашите пет факултети. Со свои поздравни говори се обратија и деканите и продеканите на петте факултети при МСУ.

Настанот во Свети Николе го водеше Ненад Јованов, а се одржа во Mayberry Highway кој е дел од кампусот на МСУ. Настанот во Битола го водеше Марјан Ѓорѓиевски, а се одржа во амфитеатарот на МСУ.


1234