“Единство за подобро утре”-порака од Свечената Академија во Свети Николе

Здружението на бегалци од Егејска Македонија „БЕЛОМОРЦИ“ од Свети Николе на 01.10.2023 година (недела) организираше Панихида и Свечена Академиј во помен и сеќавање на починатите Македонци од егејска Македонија, во едно се одбележа и 75 годишнина од крајот на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година во делот на егејска Македонија, сите овие настани се како дел од обележувањето на Шестата средба на Децата бегалци.
Панихидата се одржа во Нова Мездра,а Свечената Академија се одржа во салата на Општина Свети Николе.
На настанот свое излагање имаа:
-Ристо Питов претседател на Здружението на Македонците од СветиНиколе”Беломорци”
-грдоначалникот на Свети Николе Дејан Владев,

-Архимандридот отецотНикодим Царкњаз,
-Проф.Др. Елка Јачева-Улчар, -Г-дин Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес,
-Г-дин Александар Јаневски претседател на Сојузот на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија-‘МАКЕДОН’,
-Г-дин Стојан Димков претседател на Здружението на Македонците од Егејска Македонија
Мирка Гинова од Штип и почесен претседател на Сојузот “МАКЕДОН”,
-Антонио Петков доктор по историски науки.

-Лидија Демниева Преседател на македонското здружение “Кочо Рацин” од Белград

***

Во целост ви го пренесуваме говорот на Претседателот на СОЈУЗОТ ‘МАКЕДОН’, Александар Јаневски:

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, ги продолжуваме традициите за помен и спомен за децата бегалци, да посведочиме за една од најголемите трагедии на Македонскиот народ – геноцидот и прогонството на Македонците од Егејскиот дел на Македонија за време на таканаречената Граѓанска војна во Хеленската Република од 1946 до 1949 година.
Годинава одбележуваме 75 година од егзодусот на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија, во рамките на Шестата светска средба на децата бегалци – насилно прогонети од Егејскиот дел на Македонија. Годинава одбележуваме 75 години од геноцидот врз Македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија кој трае до денес. Годинава одбележуваме 74 години од крајот на Граѓанската војна во Грција, во која Македонците заедно со грчките партизани, како и многупати порано, ја ослободија Елада од наци-фашизмот и повторно се вградија во темелите на нејзината државност! Поради тоа и ним правата и слободите како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните.
Геноцидот врз Македонците во Граѓанската војна во Грција е најцрната страница во историјата на Македонскиот народ од Втората Светска Војна, во која жртви, за жал, беа децата. Многу од нив убиени, по пат починати, околу 30.000 низ целиот свет распрснати, во Источна Европа, Канада, Америка и Австралија.
Не смееме да ги заборавиме и таканаречените детски домови – педополиси на грчката кралица Фредерики, германската принцеза, во кои, по Граѓанската војна, насила биле пренесени околу 18.000 деца, да не бидат наводно “заразени“ од македонштината и комунистичката идеологија. Ги превоспитуваа и ги продаваа.
Не смееме да го заборавиме и напалм бомбардирањето на Грамос и Вичо, за време на Граѓанската војна во Грција помеѓу Владината армија и ДАГ. Во текот на 1949 година, последната година од војната, САД ја зголемија својата воена помош на грчката влада со воведување на ново оружје за крај на војната: Напалм бомбите!
Денес, и во Свети Николе, после 75 години, сме собрани да посведочиме за една од најцрните страници во историјата на Македонскиот народ – геноцидот и прогонството на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, од родните домови. Судбина, која не’ следи од Балканските војни, двете светски војни и Граѓанска војна во Грција.
Трајно останува поменот и споменот за македонската голгота во Егејскиот дел на Македонија од времето на таканаречената Граѓанска војна во Грција 1946-1949 година. Иако за време на Граѓанската војна Комунистичката партија на Грција ветуваше автономија до обединување на Македонија, после крајот на оваа војна, генералниот секретар на оваа партија после враќањето од Русија назад во грција изјави: Ја изгубивме војната, ама ја спасивме земјата од Македонците!
Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, не се решение на македонското прашање, туку санкционирање на Букурешкиот договор од 10 август 1913 година: Трајна промена на името на државата Македонија и на идентитетот на Македонскиот народ! Овие меѓународни договори се ништовни според Виенската конвенција за договорно право од 1969 година и претставуваат преседан во светската историја на народите и државите. Претставуваат флагрантно кршење на Уставот на државата Македонија, не се дел од нејзиниот правен поредок, го суспендираат референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот од 30 септември 2018 година. Затоа, бараме итно и безусловно раскинување на двата договора и распуштање на двете меѓувладини комисии за ревизија на Македонската историја, со кои Македонија од држават треба да стане територија без Македонски народ и историја!
Предлагаме историско помирување на Македонскиот народ со соседните народи, предлагаме Договори за траен мир и добрососедство меѓу државата Македонија со соседните држави, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи. Простуваме, но не забораваме, било да не се повтори. Но, бараме извинување и репарации! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!
Остануваме посветени на трајно решение на Македонското прашање, и бараме инто и безусловно продолжување на членството на државата Македонија во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под нејзиното единствено историско и државно име Македонија. Остануваме посветени на враќањето на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и на нивните потомци.
Заедно сме со нашите браќа и сестри, Македонци и Македонки во соседните земји на државата Македонија, во остварувањето на нивните човекови и граѓански права и слободи: Право на образование, информирање и вероисповед на мајчин македонски јазик, право на слобода на изразување, здружување и собир, право на регистрација на здруженија на граѓани и политички партии, заради заштита и унапредување на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор.
Повикуваме на семакедонско помирување и обединување заради одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, затоа што името на државата е идентитетот на народот и обратно!
За многаја лета чествувањето и поменот и споменот на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија! Никогаш северна, само Македонија!
Амин!



1503

Задолжително

Verified by MonsterInsights