Затворање на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј и такса за декарбонизација за брза енергетска трансформација на Македонија

Во Скопје се одржува Форумот на Праведна транзиција 2023 година, во организација на Енергетската заедница, која е дел од работните тела на Европската Унија.

Македонија е лидер во насока кон енергетската транзиција или популарно наречена процес на декарбонизација. Ова беше кажано на Форумот од страна на заменикот директор во Секретаријатот на Енергетската заедница д-р Дирк Бушле. Увери дека земјите членки на ЕУ знаат дека процесот „Можеби ќе предизвика социјални и ценовни ефекти, но ќе помогне да се забрза транзицијата и инвестирањето во паметни проекти во обновливи извори на енергија што ќе придонесе Северна Македонија да ја спроведе енергетската транзиција на подобар начин – посочи Бушле.


На Форумот, свое обраќање имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Тој ја потенцираше стратешката важност на општината во Процесот на праведна транзиција, како и моменталните активности на општината, кои што се преземаат во насока на подобрување на енергетската ефикасност и безбедност.

Претставени енергетските планови на Битола


„Најновиот проект за кој општината неодамна потпиша договор со Делегацијата на Европската Унија и УНОПС, е во рамките на програмата „ЕУ за чист воздух“. Со овој проект во следните три години ќе се заменат старите системи на греење во две училишта во Битола и во една градинка, а ќе се засадат и голем број садници на одредени делници во градот, со што ќе се намали загадувањето на воздухот, како еколошки здравствен проблем број еден во ЕУ.
Во процес сме на поставување на фотоволтаици на подрачното основно училиште Даме Груев во селото Долно Оризари, бидејќи за нас е важно руралните средини да имаат исти услови за раст и развој на децата, со цел да се намали миграцијата град-село.
Со средства од Министерството за образование, ќе започнеме со процедурата за поставување на фотонапонски централи на три средни училишта во градот, а се подготвува проектна програма и за поставување на фотоволтаици на други три основни училишта.
Во фаза на формирање сме на меѓуопштинско јавно претпријатие за превоз на општините Битола, Новаци и Могила, со што ќе се даде активен придонес кон намалувањето на загадувањето од моторните возила.

Општината се подготвува за енергетската транзиција и, го прифаќа во рамките на сите свои можности рече Коњановски. „ Оттука напоменувам дека на минатонеделните средби со претставниците на водечките светски банки во рамките на дискусиите за Нацрт програмата во заедничката мисија на Климатскиот инвестициски фонд за забрзана транзиција од јаглен, јасно ги истакнавме нашите приоритети и побаравме средствата кои што се однесуваат на општина Битола, да бидат земени во предвид за развој на Индустриската зона Жабени која поддржува нискозагадувачка индустрија, за енергетска ефикасност на објектите во јавниот сектор и приватните колективни домувања, како и поддршка за развојот на локалните компании и стартапи.“

Коњановски го реафирмира ставот дека Битола, Општината, преку свои претставници, да биде вклучена во телата кои што ќе одлучуваат за распределба на средствата во насока на потребите на општината. „Од нас не зависи како и кога ќе се одвива фазата на напуштање на јагленот, но нашите приоритети како општина, е да се овозможат зелени вработувања и останувања на младите во својот град“, истакна градоначалникот Коњановски.

Такса за јаглен и затворање на загадувачите

Државниот секретар во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ рече дека декарбоницацијата е еден од столбовите на Националната стратегија за енергетски развој до 2040 година.

-Декарбоницзацијата во нашата земја има четири аспекти. Првиот е затворање на термоелектраните Осломеј и Битола и престанување на производството на електрична енергија од јаглен, вториот зголемување на уделот на обновливи извори на енергија, третиот намалување на зависноста од увоз на електрична енергија и четвртиот зачувување на шумите – рече Чекиќ Дуровиќ.

Мерката Данок на јаглерод е потребна за обезбедување одржлив механизам за финансирање на оваа трансформација, смета Владата и еколошките здруженија. Тоа е трошок за електраните кои работат на фосилни горива, како сигнал да ги намалат емисиите на стакленички гасови што, би требало да резултира со барање на алтернативни извори на енергија, на ниво на државни политики за енергетската транзиција, беше кажано на Форумот.

Фото: Термоцентралата во Луецерат Германија/ сопственост bloomberg

И Европа се бори со планот за енергетска транзиција

Иако енрегетската транзиција е европска политика за чиста животна средина , според некои и зачувување на фосилните горива во земјите, земјите членки на ЕУ не се многу среќни со решенијата. За забележување е примерот на Германија. И покрај што е пионер во воведуавањето на производство на енергија од т.н алтернативни извори (ветерници, фотоволтаици, хидроцентрали) во јануари годинава ја промени политиката на затворање на термоелектраните и дозволи нивно работење до 2024 година. Комплетната транзиција треба да ја направат до 2038 година. Најпрвин, за време на енергетската криза решија да го прошират капацитетот на експлоатација во ТЕЦ во Луецерат, а кога решија да ја размонтираат целата централа се соочија со протести од вработените во енергетскиот сектор. Во април 2023 го одложија затворањето на трите нуклерани енергетски централи потклекнувајќи на притисокот од опозицијата која стоеше на ставот дека енергија од алтернативни извори во оваа фаза е неодржлива идеја и дека ниту еарни термоцентралите ни нуклеарните постројки не треба да се уништуваат туку треба да се чуваат како сигурност за енергетска стабилност на земјата.


Извор и фото: Енергетска заедница на ЕУ/ Општина Битола/ bloomberg

Фото насловна: РЕК Битола / сопственост РЕК Битола


1289

Задолжително

Verified by MonsterInsights