Аклиматизација на политичките потреби и можности наспроти желби

Пишува Леон Стефановски
Во моменталните политички консталации не гледам ни клима ни кондиција за решвање на најкрупните проблеми кои ротираат околу нас повеќе години.
Богами, не гледам ниту политичка волја. И тоа е најстрашниот момент. Целата апсурдност и иронија се согледува во неколку примери. Прво зголемувањето на платите на функционерите за 78% а на пензиомерите за 5,3%. Како второ е законот за амнестија кој беше експресно изгласан. Владата должи одговор кон граѓаните за тоа дали основната цел на законот е за растоварување на затворите, потребата од јакнење на рехабилитативниот концепт и помагање на процесот на реинтеграција на осудените лица или пак се работи за нешто друго.
Наспроти тоа. Се напластуваат важните прашања од надворешен план. Делот со одблокирање на патот кон ЕУ изгледа дека влегува во многу “ тесна уличка “. И тоа влегување се инерпретира различно од двете страни. За опозицијата власта е виновникот а за позицијата обратно.
Еден автор ќе каже дека проблемот е шанса да покажете колку всушност сте добар по одредено прашање. Ако не пронајдат некој заеднички јазик власта и опозицијата, на страната на губитник ќе се најдата само македонскиот народ и интересите на оваа држава.
Ние не можеме континуирано да подобруваме одреден општествен сегмент притоа уништувајќи ги другите. Како на пример кревањето на слободата на говорот и медиумите на завидно ниво па потоа нови проблеми во правосудниот систем и драстичен пад на довербата на граѓаните во тој дел.
Тоа што мислиме дека е невозможно сега, не значи дека ќе биде невозможно во друга декада. Но проблемот е што ние за работи кои се реалност мислиме дека не можеме да ги решиме на нормален начин. И тоа мора да се промени.
И сега мислам дека опозицијата и позицијата мора да сфатат дека на страна мора да ги стават дневнополитичките препирки и да не мислат на парламентрамите односно претседателските избори. Да не мислат дали ќе бојкотираат или не. Да не мислат дека имаат право да пролонгираат клучни прашања и да продлабочуваат проблеми.
Можеби најдобро ја опишува ситуацијата една констатација која вика дека општеството во кое неправилно функционираат работите е како воздухот, неопходно е дишење, но
недоволно за живеење. “.
