May 19, 2024

ШТО И ЗАМЕРАМ НА МАДАМ ФОН ДЕР ЛАЕН

Деновиве бевме почестени со посетата на високата дама од белиот свет, припадничката на старата германска аристократија и во моментов вршителка на големата и одговорна функција Претседателка на Европската Комијија, Мадам Урсула фон дер Лаен. Секако дека e привилегија и високо ги цениме посетите на вакви угледни гости, но моите чувства за оваа посета се некако помешани, сомничави и во голема мерка негативни!

И во изјавите на Мадам фон дер Лаен, но и во протоколот што ја организира нејзината посета, гледам сериозни пропусти што јасно го отсликуваат во голема мерка арогантниот и омаловажувачки однос на званичен Брисел кон нас како држава, но и како народ на којшто – како од ракав, во деведесетите години од минатиот век, на пример, му се упатуваа бројни комплименти како народ и земја што многу придонесуваат за мирот во регионот, земја што е важен партнер на Западот и сл.

Еве што и замерам на Мадам фон дер Лаен: пред се одсуството на такт и сенс за неопходноста да се сретне со лидерот на опозицијата! Па таа Европа, а и други од страна, постојано ни држат лекции за демократија со почит и на разномислечките, т.е. на опозицијата, а види сега, токму Претседателката на Европската Комисија доаѓа во дводневна посета на нашата земја, а не го прави тоа што ни попуваат од Брисел, т.е. да се сретне и со лидерот на опозицијата и од него, од права рака, да чуе како тој, а според анкетите и 80% од нашите граѓани гледаат, на пример, на – просто силеџиското настојување за промени на Утавот на РМ со прифаќање на преговараццката рамка што уценувачки ни ја наметна ЕУ и тоа во стилот “Земи, или…..”!

Наместо да се сретне со Христијан Мицкоски, Мадам фон дер Лаен го посети лицето Стево Пендаровски, демек претседател на државата кој, во суштина, е безгласна буква во нашиот систем и обична фигура без реално значење и влијание. Напротив тој е само продолжена рака на власта и аминувач на ставовите на владеаќката коалиција без да има свој став по речиси ниту едно прашање од општествениот и политичкиот живот во земјата! Несреќавањето на високата гостинка со лидерот на опозицијата, Мадам фон дер Лаен го оправда со зборовите, демек, кога патувала во разни земји обично се срекавала со првите луѓе според уставот на земјата што ја посетува!? А тоа што опозицијата во Македонија ужива двојна па и поголема полупарност од актиелната власт (и да не зборуваме за непопуларноста на претседателот), за Мадам фон дер Лаен и составувачите на нејзината програма на активности за време на посетата на РМ, се чини како да не е важно!?

Но, во ваквата постапка како да има и порака токму за лидерот на опозицијата од Брисел во смисол “не сме задоволни од вас и вашите тврди ставови за неприфаќањето на преговарачката рамка и промена на Уставот на РМ”, и сл, што пак треба да е стимул за опозицијата да опстои на позицијата за  н е п р и ф а ќ а њ е  на уценувачки наметнатата преговарачка рамка за почеток на преговорите за членство во ЕУ! Како и да е: високо позиционираните белосветски политичари и други посетители и емисари кои извршија права инвазија на нашата земја изминативе месеци еднаш веќе ќе треба да сватат дека Македонија не е смеса што можат да ја месат кога ќе им текне и како ќе им текне и дека во земјата има разумни луѓе кои не се мират со етноцидот што ни го подготви длабоката држава и ни го нуди во обланда за наводен почеток на преговори за евнтуално членство во Европската Унија што, можно е никогаш и да не се оствари!!! А ние, со евентуална промена на Уставот на РМ (далеку било) по диктат однадвор (!) да се чудиме што не снашло од бугарската инвазија и хистерија шти со сигурност ќе следи потоа на се и сешто што е македонско! Не. Мадам фон дер Лаен, тоа нема и не смееме да го дозволиме! Вие утре ке си заминете од таа функција, а следната година ќе има избори за Европскиот Парламент, ќе дојдат нови луѓе – прагматичари, а не политиканти како Вас и слични Вам што им кројат судбина на други за да ги задоволат шовинистичките пориви на две Ваши членки – нам соседи, за ништење на македонската нација и се што е наша доблест, а што го создале претходните генерации и е наш, македонски продонес за европската и светска цивилизација! Со тоа и  конечно (како што замислила длабоката држава од обете страни на Атлантикот), да се стави крај на таканареченото Македонско прашање!!! Средете си ги работите пред се во сопствениот двор, таму во Брисел, каде се сепоочигледни незадоволствата што растат кај повеќе ваши членки! Мавнете го тој глупав систем на одлучување со консензус и конечно поодговорно однесувајте се кон регионот на Западен Балкан кој – сакале или не, сепак е дел од континентот Европа, но кој лесно може да стане кризно жариште заради вашиот, мислам на ЕУ во целина, игнорантски однос. Впрочем, тоа – да ве потсетам, говидовме видовме многупати во минатото!

Мадам фон дер Лаен, повлетете една година на летување во древниот Охрид, дојдете и на фестивалот Охридско културно лето лично да се запознаете со вредностите и културното и цивилациското наследство на Македонија, што некои членки на ЕУ настојуваат да си го присвојат и тоа преку тнр. уставни промени и усвојување на вашата (на ЕУ) фашизоидна преговарачка рамка!

2. Забеганите во национал-шовинизам албански партии никако да се соземат и постојано измислуваат нови невозможни и неприфатливи барања. Деновиве претседателот на партијата “Беса” Хилал Касами искажа една глупост дека емитувањето на државната химна на Република Македонија за нив (за алкбанците) било неприфатливо и во училиштата каде наставата се одвива на албански јазик, тоа би можело да се прави, според него, само со емитување покрај амкедонската и на албанската химна!?

Овој млад политичар очигледно неки лекции од политиката не ги научил и за да додворува на албанските гласачи го истресе тоа што го истресе. Химната на една држава е еден од атрибутите на државноста, заедно со грбот и знамето на државата и тука нема мешање на баби и жави. Албанската химна е химна на државата Република Албанија и во Македонија може да се емитуава с а м о  при државни посети на висико ниво, а дома, албанците во Македонија нека си емитуваат туѓи химни или било што друго по нивни избор.

Така, градолачалниче на Тетово, г. Касами, испадна политички неписмен и време е да се преиспиташ пред да изнесуваш во јавност вакви и слични глупави идеи.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор


1226