ФАШИСТИ – АДМИНИСТРАТОРИ

  1. Скопје на 13 ноември го одбележа денот на ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор. Токму така – ослободување од фашистичкиот окупоатор, како што беше истакнато во бројните соопштенија и обраќања при плагањето на свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на споменикот на ослободителите на Скопје и други меморијални обележја забележливо беше дека се избегнуваше да се спомене од кој фашистички окупатор беше ослободен нашиот главен град!? Па Скопје четири години беше под окупација на бугарските фашисти, а на прсти можат да се избројат деновите кога градот беше и под германска окупација – на почетокот од окупацијата во 1941 и по капитулацијата на фашистичка Бугарија на 9ти септември 1944 година! Очигледно притисокот од званична Бугарија врз владеачката номенклатура во Македонија веќе покажува дека нивните (бугарските) ставови веќе се прифаќаат и, наводно, тие не биле окупатори туку “администратори” (!?) Но ако пак заклучиме од соопштенијата по повод 13 ноември и 79 годишнината од ослободувањето на Скопје од неименуваниот фашистички окупатор, поаѓајки од ставовите што ги наметна фамозната историска комисија испаѓа дека бугарите демек да ти биле фашистички администратори!? Вистинско лудило, зарем не!?
  2. Уникатниот и неповторлив Димитар Ковачевски – Таче, што го нарекуваат Ќурка, веднаш по објавувањето на застрашувачкиот извештај на Европската комисија летна за Париз каде со мадам Ковачевска беше угостен на вечера од францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата. Во Париз Таче се сретна и со престолонаследникот на фондацијата Сорос, Александар Сорос, кој сега – во името на татко му – злогласниот берзански шпекулант Џорџ Сорос, ровари против владите што не им се по воља на длабоката држава отаде Атлантикот. Случајна средба? Во никој случај! Па вакви средби се редовна појава секогаш кога во Македонија престојат ибори, а драбоката држава преку фондацијата Затворено, односно, Отворено општество (?), пумпа кеш за поткуп на гласачи се со цел, по секоја цена, нивните избраници да добијат на избори и на тој начин длабоката држава да си обезбеди влијание и контрола во земјите на кои ќе се намерачат! Се сеќавам кога пред едни избори кај нас лицето Зоран Заев имаше средба со Џорџ Сорос во елитниот виенски хотел Риц, на која стигна инкогнито, со спореден страничен лифт од хотелот, а не од главниот влез, а замина од средбата со неколку вреќи полни со пари да им се најдат за изборите на СДС и коалицијата! Предлагам новата влада на Македонија да го прогласат секој Сорос за непожена личност (persona non grata) и барем симболично да се отарасиме од ова зло што влијае и ни се крои судбина.
  3. За време на престојот во Виена Таче Ковачевски остварил средба со косовскиот премиер Албин Курти на која, според соопштението од владата, “разговарале за дијалогот Белград – Приштина”. Не знам што има Таче да разговара на таа тема кога никој, ама баш никој не го прашува него во врска со тоа!? Наместо да глуми дека е некој фактор на меѓународен план, ќе беше корисно ако Таче го прашаше Курти кога ќе ни ги предатат убијците на петте млади македонци кај Смилковското езеро што ладнокрвно ги ликвидираа албанските фанатици, од кои двајцата егзекутори Демири и Алиловиќ, со години спокојно си живеат на Косово. Иако истрагата и по 11 години не успеа да го открие мотивот зошто беше извршено крволочното убиство, за да помогнам – сугерирам случајот да се стави во историски контекст – беше сторено во април 2012 година, т.е. само еден месец од самитот на НАТО во Чикаго!?
  4. Претседателот на бугарското Собрание Росен Димитров Жељазков не почести на 14. ноември со званична посета, при што беше отворена репрезентативната изложба “Tрачко сребро”. Изложбата секако е редок настан достојна за презентација во најелитните музеи во светот како Метрополитен во Њујорк, Британскиот музеј во Лондон, или Лувр во Париз, а перманентно се чува во историскиот музеј во Софија.
    Арно ама, речиси целиот простор на првиот спрат од споменатиот Историски музеј во Софија се изложени непроценливо вредни експонати украдени од црквите и манастирите во Македонија, меѓу кои е и оригиналната круна на Охридските архиепископи отуѓена 1916та година со уште 95 предмети од ризницата во црквата Св. Богородица Перивлепта од Охрид, златните маски од Требеништа, струшко и многу други.
    Би било редно овие предмети што поскоро да ни се вратат, како што вети во една прилика и фанатизираниот македономрзец, директор на историскиот музеј во Софија Божидар Димитров!
    Зошто последниот Архиепископ на древната Охридска …Круната на охридските архиепископи Домашните медиуми медитираат на темата: кој е мотивот што по повеќегодишната непријателска кампања кон Македонија од званична Софија, сега новата гарнитура на власт во бугарската престолнина се претставува одненадеж во вакво позитивно културно светло!? Гест и манифестација на знак за јакнење на добрососедски односи? Секако! Но јас сметам дека по среди е нешто друго. Имено, на анкетите објавени неодамна во македонија, на прашањето: кој сметате дека е најголем непријател на Македонија, дури 80% од анкетираните изјавиле – Бугарија!!! Верувам дека овој податок и тоа како влијаел многумина во соседството да се запрашаат каде води нивната непријателска политика кон Македонија. Сметам дека и спонзорите на Бугарија на меѓународен план им имаат порачано да намалат со притисокот и игнорантскиот однос кон шатата земја бидејки таквата политика создава во Македонија несомнено спротивен ефект!!!
  5. Една од актуелните теми во моментов во Македонија е предлогот на нов закон за игри на среќа и тоа со европско знаменци, т.е. по итна постапка, иако истиот нема никаква врска со европското законодавство, а од Брисел во извештајот на ЕК јасно ни укажуваат дека тој институт (европско знаменце) многу често се злоупотребува од власта во Македонија! Нема да го коментирам тој предлог-закон – тоа е работа на пратениците, но ме запрепасти сознанието дека Државната лотарија на Македонија бележи загуби (?) години наназад (замислете – лотарија во загуби, неверојатно), а за кирија плаќала дури 2,5 милиони евра годишно за просторот во село Визбегово, Скопско, во сопственост на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, магнат со бизнисот на горива и еден од позначајните финансиери на ДУИ. Патем, директор на Државната лотарија на Македонија во моментов е Албанец, кадар на ДУИ. Колку само младински организации, спортски и културно-уметнички друштваа, клубови и други организации ќе можеше да се финансираат со тие пари од коишто сега, од Лотарија, најголем дел завршуваат во приватни џебови, на пример кај борците на терористичката ОНА!?

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор


1232