April 25, 2024

Над 700 лица загинаа во нападите на Хамас во Израел

Бројот на загинати во нападот на исламскиот екстремистички Хамас врз Израел надмина 700, објавија вечерва медиумите на хебрејски јазик, повикувајќи се на здравствени власти.

Утринава беше објавено дека повеќе од 300 луѓе се убиени во Израел од саботата наутро кога Хамас започна ненадејна офанзива врз јужните и централните делови на земјата со ракетни напади и со вметнување на екстремисти преку границата со Појасот Газа.

Бројот на загинати, сепак, попладнево се удвои и продолжи да расте.

Додека припадниците на израелските безбедносни сили се бореле со „Хамас“ по улиците на населените места на југот, пронајдени се телата на убиените жители од областите над кои Израел ја вратил контролата.

Во Израел досега се ранети повеќе од 2.100 луѓе.

370 луѓе загинаа, а повеќе од 2.200 се ранети во израелските одмазднички воздушни напади врз Појасот Газа, соопшти попладнево Хамас.

Израел објави дека е во војна, а бројот на загинати е фрапантен.


1037