April 25, 2024

Нашиот одговор ќе го паметите во наредните 50 години – израелскиот министер за одбрана со порака до Хамас

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант порача дека израелскиот одговор во појасот Газа „ќе се памети во наредните 50 години“ и додаде дека „палестински Хамас ќе зажали што ги почна нападите“.

„Правилата на војна се сменија. Цената што ќе ја плати појасот Газа ќе биде многу висока, што ќе ја смени стварноста за генерациите кои доаѓаат“, рече Галант при посетата на градот Окафим на југот на Израел во кој борците на Хамас навлегоа во саботата и земаа Израелци за заложници.

Израелските одбранбени сили објавија имиња на 57 војници кои загинаа во борбите со Хамас во изминатите два дена. Над 600 Израелци се убиени, повеќе од 2.000 се повредени, а над 100 се киднапирани во нападите на Хамас врз Израел.

Израел, во знак на одмазда, почна воздушни напади во кои, според палестински официјални лица, се убиени 370 луѓе во појасот Газа, додека 2.200 се повредени.


1166