На денешен ден ВМРО го уби српскиот крал Александар
Диктаторот, кој само неколку години претходно, по убиството на Стјепан Радиќ во 1929 година, прогласил диктатура, бил убиен од страна на ВМРО и хрватските усташи. Националното прашање било главниот проблем во првата Југославија, а Александар Караѓорѓевиќ прилично неуспешно, со забрани, се обидел да го „скрие под тепих“. Нормално, тоа можело да функционира само краткорочно, а завршило со неговото убиство во францускиот град.
Го убил Владо Черноземски, член на Внатрешната македонска револуционерна организација, кој и самиот бил убиен веднаш по атентатот. Убиството заедно со македонската револуционерна организација го испланирале и хрватските усташи, а подоцна се покажало дека во целата приказна биле вмешани и Унгарија и Италија, кои, за сопствен интерес, ги поддржувале групите што се бореле против режимот во Белград.
Со смртта на кралот Александар станало јасно дека никаква забрана не може да го реши националното прашање во Југославија.
Атентатот во Марсеј останува еден од најважните историски документи од 20 век поради тоа што еден толку важен настан бил „фатен“ со камера. Самиот момент на нападот не е снимен, но на снимката се гледаат секундите по нападот, паниката и хаосот.