Бавна реакција на македонското МНР во Израел

Уште 9 наши државјани го напуштија Израел, преку различни транспортни рути, и тоа: четворица со лет до Атина, тројца за Јордан и двајца за Белград; заедно со оние кои претходно тоа го сторија, вкупната бројка за изминативе три дена се искачи на 40 наши државјани што го напуштија Израел. – информира денеска преку соопштение македонското Министерство за надворешни работи.

Според соопштението „20 пријавени граѓани од пограничните региони, кои се сметаа за безбедносно – ризични, утрово се префрлени на безбедна локација во Тел Авив, од каде ќе се работи на нивно заминување од Израел.“ За министерот Бујар Османи овие 20 е исто како да се во државата, затоа што денеска на пес конференција соопшти дека 60 лица се безбедно вратени од ризичните места во Израел.

За жал, неколку од летовите за кои веќе беше обезбедено место дел од нашите државјани да го напуштат Израел во текот на вчерашниот ден беа откажани, па активностите за нивно приклучување во некои од денешните летови продолжува денеска. Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив е во постојана комуникација со сите нашите државјани во Израел и во координација со кризниот штаб во Министерството за надворешни. Точната бројка на наши државјани кои се пријавиле за асистенција за нивно заминување од Израел постојано се менува, но во моментов, таа не надминува 100 наши државјани. – стои во официјалното соопштение од денеска од МНР:

Но, вирално се пренесува информацијата дека еден брачен пар не може да излезе од  Газа, и владата прави напори да ги извлече од ризично подрачје, информираше МНР заглавени во Газа по затворањето на египетската граница. Сепак во моментов брачниот пар е во добра состојба зашто МНР преку дипломатски заложби успеало да овозможи отворање на граничниот премин и  тие сега се наоѓаат во област во која нема струја и е под ризаик, и се заедно со затекнати луѓе од други држави кои чекаат да бидат евакуирани.

Во меѓувреме, МНР апелираме до нашите државјани во Израел да го следат Националниот портал за итни случаеви (www.oref.org.il), односно тн. Home Front Command, специјализиран за цивилна заштита, кој излезе со нови препораки до населението, како и да се почитуваат сите други упатства на надлежните институции на Израел.

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија на располагање ги има и двата СОС дежурни телефони – 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378


1181

Задолжително

Verified by MonsterInsights