Битолскиот Совет на општина одржа вонредна седница
Вонредната седница закажана за денеска имаше само две точки на дневен ред и двете поврзани со меѓуопштинското јавно претпријатие за превоз на патници ПЕЛАЛИНК .
Советот едногласно даде виза за Правилник за возни линии, возен ред, вредност на билет за линиски превоз на патници и цена на чинење на превоз по километар за слободен превоз.
Советниците денеска гласаа и за зголемување на бодот за пресметка на бруто платата во претпријатието што се зголемуба од 50.5 денари бруто на 55.55 денари во бруто износ. Измената ќе се пресметува согласно овој месец.