Постпразничен билтен на СВР Битола

На 11.10.2023 во СВР Битола, Г.Т.(47) од Битола пријавил дека неговиот сосед Т.П. физички го нападнал него и неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 11.10.2023 во 06.35 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Могила-Будаково, кај с.Радобор, патничко моторно возило „лада самара“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.А.(42) од с.Будаково, општина Могила, излетало од патот. Во несреќата, возачот И.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, а увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 11.10.2023 на булевар „Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.М.(19) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Битола


1196

Задолжително

Verified by MonsterInsights