Вечерва со почеток во 20.00 ч. во НУ Центар за култура Битола премиерно ќе се прикажува филмот „М“ – вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија.

На премиерата ќе присуствува дел од екипата на филмот.

“М“ е фантастична бајка за осамено, осумгодишно момче Марко, кое е во потрага по љубов низ мрачниот, дистописки свет на нашата блиска иднина. Филмот се снимаше во 2019 година, а својата светска премиера ја имаа годинава. Инспирацијата на режисерот Вардан Тозија кој се појавува и во улога на сценарист заедно со Даријан Пејовски се наоѓа во различните научно-фантастични филмови кои секојдневно ги полнат кината во светот, а мотивот, како што тој самиот вели за подкастот Културен Подкаст ( https://spotify.link/D0z0C2xcMDb ) , македонската филмографија да понуди малку поинаква тема од тоа што досега го има.

Актерската екипа ја предводи Сашко Коцев, Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Тони Михаловски, Оливер Митковски, Верица Недеска, Владимир Тулев, Жаклина Петровска, Благој Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски.

Проекциите на филмот во Битола ќе бидат во големата кино сала на Центарот за култура од кадешто ги најавуваат проекциите :

Четвр. 12.10.2023. 20:00

Петок 13.10.2023. 22:00

Сабота 14.10.2023. 20:00

Понед. 16.10.2023. 20:00

Вторник 17.10.2023. 20:00

Среда 18.10.2023. 20:00


1125

Задолжително