На Денот на востанието, протести на пензионерите од цела Македонија во Прилеп (Фото галерија и видео материјал)
Иницијативниот одбор на пензионерите од цела Македонија денеска во Прилеп организира протест за достоен живот. На Денот на народното востание, 11 Октомври, во градот херој – Прилеп, прво се одржа протестен марш низ центарот на градот, а потоа се положија цвеќиња на Могилата на непобедените каде се одржаа и говори во кои пензионерите ги искажаа своите барања. Интернет ТВ ‘‘Пела Нет‘‘ беше единствениот медиум присутен на овој настан и затоа Ви го пренесуваме во целост.




















