Ламбе Алабаковски, Владо Јаневски, ‘‘Љубојна‘‘, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Бојана Скендеровски – многу ѕвезди на годинашниот ‘‘Макфест‘‘

Пресот го отвори градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој во својство на прв човек на организаторот говореше за суштината, значењето, улогата и сето она што „Макфест“ како фестивал значи не смо за општината и нејзината околина, туку и за цела Македонија, македонската култура и јазик и националниот идентитет воопшто. При тоа потенцирајќи дека брендот кој трае цели 38 години продолжува да се негува, но на  нов, современ, модерен начин, најмногу близок до младите и нивното поимање на новите музички правци.

Уметничкиот директор на фестивалот, композиторот и музичар Роберт Саздов потенцираше  дека годинешново издание во двете фестивалски вечери има потенцијал да изроди повеќе хитови отколку една Евровизија. Дека песните се модерни, современи, жанровски различни, но певливи и бргу допираат до публиката.

Главниот кординатор на Макфест како претставник од организаторот – општина Штип, Александар Арсовски говореше за техничко – организационите детали на годинешниот „Макфест“  кој со помош од средствата од општината, помагателите и спонзорите ќе добие една сосема нова компонента како во содржинскиот, така и во техничко-визуелниот квалитет и понуда.

Како што веќе беше најавено, по повеќе од три децении, на сцената на најугледниот фестивал на забавни песни во Македонија, се враќа и една од од најголемите македонски поп ѕвезди на сите времиња – Владо Јаневски. Тој на прес конференцијата направи емотивен осврт и носталгична прошетка по спомените од фестивалските години, потсетувајќи ги новинарите дека на сцената на домот на културата во Штип е уште од првиот „Макфест“. Тогаш како клавијатурист на групата „Бон Тон“ во нивната тогашна песна „Старо купувам“, за подоцна и самиот да биде дел ѕвездените учесници со неговите „Еден бакнеж“ и „Чаирска романтика“, а сега со неговата нова годинешна фестивалска тема во најава „Златни години“. Јаневски исто така говореше за значењето и улогата на „Макфест“ за Штип, Македонија, но и за младите имиња кои допрва доаѓаат на естрадната сцена.

Присутните ги поздрави и Ламбе Алабакоски, кој и годинава е еден од учесниците на фестивалот.

Членот на уметничкиот совет Јован Јованов која за оваа цел допатува директно од Канада каде последниве години живее и работи, зборуваше за сценскиот изглед на годинешното фестивалско издание, како и за целокупниот визуелен дизајн, но и за застапеноста на современите форми на презентација на фестивалот и неговите содржини преку постојните Интернет платформи и социјалните мрежи.

Пред бројните претставници на медиумите и дел од пејачите  кои беа присутни низ посебна видеопрезентација на видеобимот беа претставени сите учесници…


1407

Задолжително

Verified by MonsterInsights