Битолчани денес донираа за Бобан
Денес на плоштадот Магнолија во Битола се одржа ‘‘Хуманитарен концерт за Бобан‘‘, на кого учествуваа Шабац, Нала бенд, Стефанија Милевска Враниќ, Битолски удирачки оркестар и танчерска група од Анастасија центар. Беа поставени кутии за донации, а кон акцијата се приклучија и КЈК Букефал и Општинската организација на Црвениот крст од Битола.
Бобан се наоѓа на лекување во Грција, за што се потребни големи финансиски средства кои неговото семејство само не може да ги обезбеди. Во изминативе денови, низ градот, на повеќе места се поставени кутии за донации, а деновиве ќе се објават и телефоните за донации.



