Нови канделабри околу Офицерски
Новите канделабри, викендов го осветлија Платото пред Офицерскиот дом. Со поставувањето на осветлувањето, просторот добива лик, каков што и прилега на конзулска Битола. Продолжуваме со работа до целосно комплетирање на проектот за партерно уредување околу Офицерскиот дом.- објави градоначалникот д-р Тони Коњановски на неговиот официјален фејсбук профил.
