April 17, 2024

Од секторот за внатрешни работи Битола – полициска станица Битола и Прилеп информираат дека вчера, во недела, имале неколку поголеми настани.

„На 15.10.2023 во 12.19 часот во СВР Битола било пријавено дека кај с.Оптичари, битолско, на патот Битола-граница со Република Грција, патничко моторно возило марка „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(67) од Битола, излетало од коловозот. Во несреќата, сопатничката З.П.(84) од Битола се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 15.10.2023 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Три Багреми“ во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Е.(25), М.М.(28) и Е.А.(45) од една страна и Е.А.(27) и Ѓ.Ј.(31), од друга страна, сите од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.10.2023 во ОВР Крушево, од Итна медицинска помош Демир Хисар било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 16 – годишник од с.Бучин, Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од мотоцикл, кој го преместувал од едно на друго место.

На 15.10.2023 на патот помеѓу селата Могила и Вашарејца, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Ќ.(23), Н.М.(18) и С.М.(22), сите од Битола. Тие се сомничат дека со употреба на сила и подесен алат влегле во објект на правно лице и одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.“

Извор: СВР Битола


1140