ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ОБРАЌАЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ НА ВЕЧЕРАШНАТА ПРОМОЦИЈА ВО НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ОБРАЌАЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ НА ВЕЧЕРАШНАТА ПРОМОЦИЈА НА РЕКОНСТРУИРАНОТО ПАЦИО ВО НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ КОЈ ВКЛУЧУВА И ИЗГРАДБА НА ВЕЛО ПАТЕКИ ВО БИТОЛА

Почитувани,

Амбасадор на Делегацијата на Европската унија, г-дин Дејвид Гир

Министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска

Претседателка на Советот Габриела Илиевска, советници

Директорка на НУ Завод и Музеј, Мери Стојановска,

И драги пријатели од Пустец

Не можам да не се потсетам на 30.09 2021, точно пред две години, кога на ова место, Пациото во битолскиот музеј, во еден подруг амбиент бев дел од дебатата насловена „Битола Вело – град во еден мандат“, каде сите учесници од сите политички партии и независни групи се обврзавме дека Битола во периодот од 2021 до 2025 конечно ќе добие вело патеки.

Токму преку овој проект насловен Smart4you2 e предвидено нашиот град да добие велосипедски патеки во должина од 5,3 километри на булеварите „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“. Ова секако ќе се случи доколку се надминат политичките интереси и политичарите го слушнат гласот на граѓаните, на битолчани, за што очекувам широка поддршка од сите фактори кои се залагаат за промовирање на европските вредности на Република Македонија.

Почитувани,

Чувајќи ја историјата, наша обврска е да создаваме за иднината.

Проектот Smart4you2 е уште една потврда за нашата посветеност, но и добрата соработка која ја има воспоставено Битола со Делегацијата на Европската унија, што претставува голема можност, за напредок и развој на градот.

Реконструкцијата на Пациото во НУ Завод и музеј, претставува посебна активност на проектот, која дава светлина на заедничките заложби да го вратиме културниот сјај на Битола и се она што било подзаборавено или подложно на ударите на времото, да се обнови, да се стави во функција и достојно да го претстави нашиот град во светски рамки.

А оваа реконструкција немаше да биде возможна, доколку не беше поддршката и вклученоста на Општина Битола, како водечки партнер во овој проект, за што очекував благодарност од страна на министерката за култура и особено од директорката на Музејот.

И овој реконструиран прекрасен простор, го потврдува епитетот: Битола град на културата. Токму затоа, како локална самоуправа влеговме партнерски во овој проект и ги поддржавме активностите на НУ Завод и музеј, првата моја средба во кабинетот ја имав токму со директорката, силно верувајќи дека и реализацијата на општинските активности за изградба на велосипедски патеки, ќе ја доживеат светлината на денот и Битола ќе продолжи да напредува преку функционални, рекреативни простори, на радост, пред се на жителите на овој град.

Се уште верувам дека, секој кој е битолчанец, ќе го надмине политичкиот интерес и ќе дозволи проектот Smart4you2 да биде пример на успешност во однос на реконструкцијата на Пациото, изложбениот простор, долго посакуваните велосипедски патеки. На сите нас останува, да покажеме колку ја сакаме Битола, колку многу можеме да направиме за неа, дали и колку ќе ја оправдаме европската поддршка за која ни се отворени вратите. Само со доследност, сериозност и успешност, можеме да покажеме достојност за дадената доверба од ЕУ. Секое поинакво делување, носи огромна финансиска загуба за сите институции кои добиле можност од ЕУ, но пред се загуба за Битола.

Почитуван, амбасадор Гир, уште еднаш големо благодарам што сте поддржувач во реализацијата на проектите кои се од големо значење за нашиот град.

Ви благодарам


1264

Задолжително

Verified by MonsterInsights