March 2, 2024

Јавна расправа за ‘Студија за систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион’ во Општина Новаци

Информација за Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион, за потребите на инвеститорот Министерството за животна средина и просторно планирање

      Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 187/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 99/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 89/2022 и 171/2022) ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Министерството за животна средина и просторно планирање, со седиште на Плоштад “Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје – Сектор за одржлив развој и инвестиции, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион.

      Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање со седиште на Плоштад “Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје на веб страницата на Министерствoто на линкот: https://shorturl.at/ruvW0   и во просториите на Општина Новаци.

  Јавната расправа по Студијата ќе се одржи на ден 31.10.2023 година (вторник) во големата сала на општина Новаци со почеток во 12 часот.


1085