Во Македонски Брод ќе се одржи ‘Фестивал на костенот’
На 27-ми и 28- ми октомври во Македонски Брод ќе се одржи ‘Фестивал на костенот’. Фестивалот започнува вечерта на 27-ми октомври со програма наречена “Ноќ на костенот” со почеток во 20 часот. Вечерта ќе биде збогатена со забавна музичка програма.
Фестивалот продолжува на 28 -ми октомври со изложба во Домот на култура – “Златен костен” во 10 часот.
Следува дефиле низ градот за да централниот дел од манифестацијата се одржи на плоштадот, каде ќе може да се вкуси поречкиот костен, негови производи и други еколошки производи од овој крај, придружено со богата културно уметничка програма и присуство на многу гости.