Временска прогноза
Сончево со слаб ветер од јужен правец прогнозира за денеска Управата за хидрометереолошки работи (УХМР). Температурата на воздухот ќе достигне до 23 степени Целзиусови.
Од утре облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок попладне и во сабота.
Извор: УХМР