April 25, 2024

ОВОГОДИНАШНАТА НАГРАДА 4-ТИ НОЕМВРИ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА НОВИНАРОТ ДИМЧЕ МИНОВСКИ

На денешната седница на Комисијата за наградата 4-ти Ноември која традиционалнo секоја година по повод Денот на ослободувањето на Битола, ја доделува Општина Битола, едногласно е одлучено наградата за животно дело да му се доделi на новинарот во пензија Димче Миновски.

Миновски е новинар, писател, општественик и хроничар на Битола.

Исто така беше одлучено едногодишни награди да добијат Здружернието на пијанисти и музички педагози „Пијано“ Битола, потоа Јован Стефановски-научен работник, самостоен истражувач, Гордана Такец- писателка, поет, уметник, Фанче Јошевска- д-р на науки во облста на техничките науки и Народниот театар Битола.

Наградите ќе им бидат врачени на свечената академија по повод роденденот на Битола.


1214