April 17, 2024

Приведен вработен во Шумска полиција во Демир Хисар поради примање поткуп

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар во содејство со криминалистичката полиција на СВР Битола на патот меѓу с.Света и с. Единаковци, на подрачје на Демир Хисар, го лишиле од слобода Д.Т.(58) од Демир Хисар, вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.357 од КЗ „примање поткуп”. Д.Т. од лице од Демир Хисар побарал пари, а за возврат да не постапи односно да не санкционира незаконско работење. Откако му биле побарани пари, лицето го пријавило случајот во СВР Битола, нему му биле врачени крим-технички обработени пари, кои тој вчера му ги дал на Д.Т.. Веднаш откако му биле предадени парите, Д.Т. бил лишен од слобода и кај него се пронајдени 18.000 денари кои потекнуваат од кривичното дело. Д.Т. е приведен во полициска станица Битола и против него ќе следува кривична пријава.

Во билтенот на СВР Битола од претпоследниот ден од месецот се забележани и други настани:

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола синоќа го лишиле од слобода Г.В.(45) од Битола поради основано сомнение за извршена тешка кражба во угостителски објект во Битола. Г.В. во службен разговор го признал делото, а пронајдени се и парите што ги одземал и вратени се на сопственикот. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 30.10.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола на ул.”Климент Охридски” во Битола го лишиле од слобода М.М.(41) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. Лицето било приведено во Полициската станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 30.10.2023 во СВР Битола, А.У.(37) од с.Меџитлија, битолско и О.Р.(47) од Битола пријавиле дека на ул.„Козјак“ во Битола биле физички нападнати од М.А. и Џ.А., двајцата од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 30.10.2023 во ОВР Прилеп, 55 – годишна прилепчанка пријавила дека нејзиниот син Н.К. физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (27/28/29.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 247 возачи, меѓу кои 152 мерки за возење повеќе од дозволената брзина ,32 мерки за возење без возачка дозвола,26 возачи за управување под дејство на алкохол, 3 санкции за непрописно престигнување, 3 санкции за непрописно паркирање…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР СВР Битола апелирааат до граѓаните „да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта!“

Извор: СВР Битола


1143