April 25, 2024

На подрачје на Битола полициски службеници од Отсекот за превенција, како и од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола, денеска реализираа превентивно – едукативна активност посветена на средношколците.

Притоа, во средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола спроведоа едукативно предавање на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога.

Исто така, инспектори од компјутерски криминал при СВР Битола на средношколците им укажуваа за ризиците кои произлегуваат преку користењето на социјалните мрежи како и нивно навремено препознавање и превенирање.

Покрај ова, денеска и во средното општинско училиште “Наум Охридски” во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод реализираа предавање на тема “Не користи дрога и алкохол”.

Исто така, на подрачјето на Македонски Брод полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот „Вози одговорно, стави појас“.

Извор: СВР Битола


1088