Општина Битола ја објави програма за одбележување на 4 Ноември

Со отворањето на фестивалот на Мала школа за краток филм синоќа во Битола започнаа бројните активности со кои градот ќе го одбележи својот празник. Ќе завршат со традиционалната изложба на ликовните уметници од ДЛУБ на 11 ноември.

Општина Битола ја објави програмата за одбележување на големиот празник.

Ноќната атлетска трка и Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ , шаховскиот турнир на слепите лицаи изложбата на ликовните уметници се малиот дел кој ја уважува традицијата што ја носи градот во спортот, уметноста, културата. Приемот на делегациите од збратимените градови ја претставува битолската дипломатска нишка, а новите манифестиации како „Повелете во Битола“ или танцовиот перформанс „Иновација“ пак говорат за нови , современи заложби кои треба да станат традиција.

https://www.facebook.com/OpstinaBitola

Врвот на одбележувањето, традиционално е доделувањето на највисокото општинско признание , наградата 4 Ноември. Се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на општината, Република Македонија и светот. Од 2002 година е воведена и наградата за животно дело.

За тоа кој е овогодишниот добитник, кликнете на линкот

https://www.facebook.com/profile.php?id=100095548119679


1134