Презентирана Студијата за влијание врз животната средина од регионалната депонија што ќе се гради во блиска иднина

Денеска во Новаци во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање беше презентирана и се дебатираше за Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со комуналниот отпад во Пелагонискиот и Југозападен регион – депонија која ќе ја замени субстандардната Мегленци. Ќе се гради со кредит од Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), треба да покрива 18 општини од двата региони и со неа да стопанисува меѓуопштинско јавно претпријатие. Се во Новаци.

Регионалната депонија за отпад за која јавноста зборува скоро една деценија, а познавачите веќе не веруваа дека воопшто ќе се реализира на повидок го има својот почеток на терен. Денеска презентираната студија откри дека во изминатиот период експертите од министерството направиле целосна анализа на влијанието што објектите кои треба да бидат изградени ќе го имаат врз животната средина. Тим од експерти предводени од Ирена Апостолова, лиценциран инспектор за влијание на животна средина направија анализа и креирале систем коj мора да се самоодржува и тоа со плаќање на надомест од правните лица и домаќинствaта. „Целата постапка е една подолга процедура , опфаќа повеќе моменти , најголемиот дел што го изработив јас е подготовката на Студијата , испитување на сите можно влијанија со изградбата на централната постројка може да ги има пред се врз населението, врз животната средина, врз растенијата , врз животните, бучава, сообраќај, се што може да има позитивно и негативно се испитуваше во соработка со тим на експерти за да може да се види дека е пригодно и најпогодно овде да се изгради еден ваков објект кој ќе иа придонес за давата региона. “ – рече денеска Апостолова.


Во РМ нема депонии, депонии се систем на контролиран објект. Овие нашите се буниште или сметилиште , а ги има во цела држава. Депонијата Мегленци спаѓа во нив. Анализите вклучија и број на семејства и количество на отпад и вид на отпад. 1388 тони смет ќе се собира во регионалната депонија, од нив преку 18000 тони ќе може да се рециклираат, а 56 000 тони смет годишно ќе се депонираат, беше кажано на денешната јавна расправа во Општина Новаци, какви што ќе ги има и во сите други општини.


„Воспоставувањето на регионалниот систем го помага државата со тоа што зедовме кредит од ЕБОР за да можеме да го воспоставиме овој систем , што значи изградба на регионална депонија , две претоварни станици, набавка на канти и контејнери за собирање на отпадот, селектирање на отпадот и набавка на возила. Се ова се реализира со кредит но управувањето со овој систем останува во рамките на општините здружени во регионалниот систем за управување со отпад. Ги опфаќа сите општини од Југозпадниот и Пелгаонискиот регион односно 18 општини – вели Ана Каранфиловска Мазнева, раководител на одделот за отпад во Министерството.


Документацијата била средена уште од 2017 година, но идејата не доби пари кои ќе ја претворат во реалност. Овојпат е поинаку , уверени се од министерството.
„Не очекуваме проблеми затоа што ги имаме обезбедено средствта . Владата потпиша договор со Банката и веќе тој се реализира. Минатиот пат немавме доволно средства, ние ги изготвивме планските документи но немавме обезбедено грант средства од ИПА 2 програмата како што се планираше. Сега имаме обезбедено кредит и грант средства од 22, 5 милиони кои ќе помогнат дел да се врати овој кредит а дел ако ни е потребно да се дофинансираат секвенци од овој проект, така што средствата се обезбедени и ние не очекуваме дека ќе имаме проблеми, веќе се работи на подготовка на дизјанот и тендерската документација за набавка на возилата, опремата во целост, а ќе следува тендерот за изградба на претоварните станици и регионалната депонија. “- вели Мазнева.


22 милиони евра се предвидени за реализација на овој проект, за кој сега се подготвува тендерската документација, следува реализација на тендерите за секој сегмент , се работи на дизајн за депонијата, градењето би требало да започне конкрајот на следната 2024 година, очекувањата се дека тоа ќе трае 1,5 година, а до крајот на 2026 година ситемот да биде ставен во функција.
„Сите работи паралелно ќе се одиваат, набавката на возила со кантите ќе биде паралелно со претоварните станици за да може да се поврзе целиот овој систем да работи. Во меѓувреме ние како Министерство континуирано работиме на изнаоѓање на фондови за затворање на сите нестандардни локации кои во моментот јавните комунални претпријатија ги користат за отстранување на отпадот кои, знаеме дека не се депонии, туку се нестандардни локации,“ објаснува Ана Каранфиловска Мазнева.


Регионална депонија, и тоа во Новаци е дамнешна идеја но и ветување со коешто треба да стави ред со депонирањето отпад во пелагонискиот регион. Во 2017 година паднала одлуката двата региона што имаат по 9 општини, со бројни диви депонии каде се одложува ѓубрето да бидат во основата на оваа. Најавите беа дека оваа депонија треба да биде готова до крај на 2024 година, но работи на терен не се започнати бидејќи општина Новаци побара изградба на нов сообраќаен обрач за да не поминуваат камиони со отпад од другите градови низ населените места во Новаци.


Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски се надева дека проектот и објектите ќе бидат изведени и ќе функционираат по европските ( светските ) и пропишани со европското законодавство, се надева дека ќе имаме модерен центар кој ќе прерасне во фабрика којашто ќе врши селекција и рециклирање и натамошно обработување на целокупниот отпад и дека ќе имаме се помало депонирање на комунален отпад на депониите.
„Секако ние како општина имаме некои услови коишто треба да ги поставиме и ќе ги бараме и ќе иницираме и инсистираме да бидат исполнети од централната власт односно од државните институции – ќе насочиме да се изгради посебна патна делница којашто ќе ја поврзе оваа регионална депонија имајќи предвид дека овој патен правец којшто ја поврзува Новаци целокупниот регион вклучувајќи го и РЕК Битола претставува претесно грло, преоптоварено е со сообраќај…Тоа е едната причина , а другата причина е што оваа регионална депонија ќе вклучи движење на голем број на сообраќај и дополнително оптоваруавње на постоечкиот сообраќај . Ние како локална самоуправа ќе иницираме да се изгради посебна делница којашто ќе го одбегне влезот на Битола, Логоварди , Новаци, населените места.“- вели градоначалникот Стевановски.
„Во моментов депонијата Мегленци е едно големо ѓубриште кое е подложно на постојани палења и во иднина мислам дека ќе имаме дека ќе имаме нешто што ќе биде од придобивка како за Општина Новаци така и за целиот Југозападен и Пелагонски регион. Сметот во Мегленци во моментот го одлагаат околу 5-6 општини во регионот…Секако дека сега претставува огромен проблем, оваа депонија којашто се наоѓа во Мегленци се наоѓа долги години наназад, депонија односно ѓубриште коешто се наоѓа на територијата на општина Новаци , а стопанисува јавно претпријатие од соседна општина.( ЈКП Комуналец од Битола) н.з). Тоа веројатно се провлекува низ години наназад кога Новаци и не била општина и останало и до ден денес, така што за мене претставува апсурд. Се надевам дека во иднина ова регионално претпријатие коешто ќе стопанисува нормално затоа што главниот стожер ќе биде во општина Новаци , Новаци би ги имала главните насоки кои би ги давала во работењето на ова претпријатие. “


Јавноста којашто денеска беше присутна на дебатата е поделена во размислата – Новачани не се согласуваат депонијата за 18 општини да биде кај нив, особено затоа што се работи за земјоделски обработлива површина што е извор на живот за населението, сметаат дека би имало загадување на почвата, што заедно со аерозагадувањсто од РЕК Битола би направила од пелагониското поле неплоден терен, потенцијално опасно за човековото здравје. Дел од нив се во дилема дали треба стопанисувањето да биде од општините преку форматот јавно претпријатие или сепак за да бидат испочитувани сите стандарди треба да биде стопанисувана од приватник.
Инаку, за регионални депонии во двата региона се зборува од 2004 година, затоа што како проблем се гледаат охридската на Буково, прилепската кај Алинци видлива од автопатот кон Битола, депоните во Дебарца кои се во сливот на охридското езеро, бројните во и околу Дебар, покрај Кичево. Системот за управување со отпадот на новата регионална депонија предвидува и претоварни станици за отпад во Охрид, Дебар, Струга, Кичево, Прилеп и Битола. Најпрвин само две.


1285

Задолжително