Здружението ‘‘Ататурк‘‘ денеска во Кино ‘‘Манаки‘‘ во Битола ќе го промовира проектот ‘‘Повелете во Битола‘‘

bsh
Во рамките на програмата на Општина Битола за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, вечерва, Петок 03.11.2023г. во 19.00ч. во новото Кино ‘‘Манаки‘‘ на Широк Сокак во Битола, Македонско турското здружение ‘‘Мустафа Кемал Ататурк‘‘ – Битола, премиерно ќе ги прикаже видеата од проектот ‘‘Повелете во Битола‘‘.
Соработници на проектот се БТ Топ продукција и Пела Нет.

Овој проект, во кој се прикажуваат убавините на градот и се зборува за историски личности кои живееле или твореле во Битола (Браќата Манаки, Ајри Демировски, Ататурк) има за цел привлекување на туристи од целиот свет и прикажување на Битола како град во кој живееле и твореле безвременски уметници. Видеата се преведени и титловани на англиски јазик.
Проектот е финансиран од Општина Битола, а до крајот на годината, од здружението ја најавуваат и книгата ‘‘Мојот град – Второ издание‘‘ на македонски, турски и англиски јазик.
Фото: Бенита Стојмирова
Покана: Владимир Милетиќ
