December 6, 2023

Битолската кик-боксерка Марија Димовска се враќа со златен медал од Бугарија

Нашата кик-бокс натпреварувачка Марија Димовска, членка на КБК ‘‘Енерџи‘‘ – Битола се враќа со златен медал од Козлодуи, Република Бугарија. Таа денес, во рамките на 6 Интернационален Куп Козлодуи 2023 во финалето ја победи Бугарката Јоана Јорданова на поени 3 спрема 0.

На овој натпревар, сребрен медал освои Петар Лозановски, исто така член на КБК ‘‘Енерџи‘‘-Битола


1278