Акциска контрола на криминалистичката полиција на СВР Битола

На 12.11.2023 од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24 часот на подрачје на Битола .
При контролата легитимирани биле 200 лица во угостителски објекти на подрачјето ,при што
во угостителски објект во Битола затекнато е едно малолетно лице после 24 часот и констатиран прекршок по чл.31 од Законот за оружје, каде при извршен преглед кај Н.М.(25) од Битола пронајден е нож .
Во времето од 02.00 до 03.00 часот, криминалистичката полиција во содејство со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, при извршена акциска контрола во ноќен клуб во Битола изврши прегледи врз 63 лица каде констатира низа неправилности за кои ќе се преземаат дополнителни проверки и поднесоци.
По документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави против прекршителите.
