December 6, 2023

Отчет на градоначалникот Коњановски

Ноември е месецот кога во Македонија се променија состојбите во локалната самопурава по локалните избори спроведени во 2021 година. Оттука, месецов се одбележуваат 2 години или половина мандат и на градоначалникот на Битола – д-р Тони Коњановски. Во пресрет на анализата што се прави во Општината, Коњановски сподели дел од отчетот , што , како што пишува, граѓаните ќе го добијат и во писмена форма.

Објавата :

ПОСВЕТЕНО И ТРАНСПАРЕНТНО: ГО СЛУШАМЕ ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ПЛАНИРАМЕ, РЕАЛИЗИРАМЕ
Транспарентноста и отчетноста се главните принципи врз кои се темели моето работење, во изминатите две години.
Граѓаните имаат право да знаат како се инвестираат буџетските средства и кои се идните проекти, за кои сме подготвени со проектна документација.
Додека се подготвува електронскиот и печатениот отчет за резултатите од изминатите 2 години од оваа локална самоуправа, продолжуваме да се координираме за навремено исполнување на зацртаните цели.
На денешниот состанок со моите соработници разговаравме за:

  • 12 стратешки документи кои се изготвени или во завршна фаза
  • 40 улици или 90 краци или над 20км патна инфраструктура, завршена и во тек на реализација
  • 53 нови проекти со изготвена проектна документација
  • Уредени 2 паркинг простори и 6 детски паркови
  • Изградба на Нов парк и поддршка за Авантуристички парк и Планинарски дом „Копанки“
  • Продолжената изградба на нова детска градинка и адаптацијата на просторот за детска градинка во Домот за доенчиња и мали деца
  • Поддршката на учениците, професионалниот спорт, социјалната заштита, младите, културните настани и уште многу други проекти на кои континуирано работиме.
    Посебен акцент ставив на проектите кои ги ветив и на чија реализација посветено работиме:
  • Изградба на нова противпожарна зграда – за што имаме изготвена проектна документација
  • Дигитализација на општинските услуги преку воспоставување на „Интегриран систем за управување со документи и ГИС систем“
  • Воведување можност за електронско плаќање на данок на имот
  • Динамика на дозавршување на инфраструктурните активности на улиците каде градежните работи се во тек
  • Буџетските форуми и предлозите од граѓаните за новиот буџет за 2024 година, од областа на инфраструктурата, културата, спортот, социјалната заштита…
    На моја голема радост, можам да резимирам дека, Општина Битола, благодарение на експедитивноста на општинската администрација, подготвена е со проектна документација за следните четири години.
    Го слушаме гласот на граѓаните, планираме и реализираме!

1027